Финансиската писменост e клучна за донесување здрави финансиски одлуки – Интервју со Александра Танатарец, Раководител во сектор за наплата во СН Осигурителен Брокер

Финансиската едукација не води кон создавање на систем кој би генерирал поквалитетни финансиски производи.

Тоа е процес преку кој индивидуите го подобруваат своето знаење во врска со финансиските производи и концепти. Преку информации и совети граѓаните стануваат свесни за финансиските ризици и можности. Понатаму, преку одредени акти знаат да ја подобрат финансиската благосостојба. Мал е процентот на поединци со високо финансиско знаење, особено во областа осигурување. Истото, укажува на потребата за преземање конкретни чекори. Чекори во насока на подигнување на општото ниво на финансиска писменост на населението во Република Македонија.

На оваа тема, разговараме Александра Танатерец – Раководител на сектор за наплата во СН Oсигурителен Брокер. Компанија што добро знаеме дека веќе е лидер во пазарот на осигурувањето во Македонија.

Со цел поуспешно справување со предизвиците кои им претстојат на  младите, се наметнува финансиската писменост како свесност потребна за донесување здрави финансиски одлуки. – истакна Танатарец – Финансиската едукација треба да започне што е можно порано. Сметам дека потребно е и да се предава во училиштата. Сѐ со цел децата уште од рана возраст одговорно да се однесуваат во сите животни фази. Тука би ја истакнала и улогата на родителите во пренесувањето на навики и финансиски вредности. Децата кои разговараат со своите родители за пари и за заштеди, имаат повисок степен на финансиска писменост од останатите. Врз основа на ова, потребно е да се развијат апликации… Веб страни, симулативни игри и други алатки кои ќе придонесат за зголемување на процентот на финансиска писменост.

Финансиската едукација на населението како тренд во денешно време, не само што води кон поголема финансиска благосостојба, туку исклучително е важна и за креирање на општество кое би се вклучило и во политиката на финансискиот систем.

Финансиската

Дали според Вас се подобрува степенот на финансиската писменост во Македонија и која е стратегијата за да се подобри таа финансиска инклузија кај населението? Колку е овој момент релевантен во однос на обезбедување соодветна заштита на осигурениците како потрошувачи? Следствено дали поголемата информираност носи подобри одлуки при изборот на осигурителното покритие?

Финансиската писменост е критична за економското развивање и благосостојба на секоја земја, вклучувајќи ја и Македонија. Лично, го делам мислењето со експерти околу ова прашање. За да се подобри степенот на финансиска писменост и финансиската инклузија кај населението, може да се применат повеќе различни стратегии. Би го наведила примерот за воведување на програми за финансиска писменост во образовниот систем во основните и средните училишта, како и во високото образование. Потоа, организирање на кампањи. На работилници кои ќе се фокусираат на важноста на штедењето, управувањето со долгови, инвестирањето и заштитата од финансиски ризици.

Сметам дека треба да се воведат регулативни мерки кои ќе ги заштитат потрошувачите. Ќе ги стимулираат финансиските институции да понудат пристапни финансиски услуги. Релевантно е да не го забораваме напредокот на технологијата. Затоа сметам дека е важно да се користи за промоција на финансиската инклузија, како што се мобилни платформи за штедење и плаќање и онлајн образовни ресурси за финансиска писменост.

Која е стратегијата според Вaс за да би се задржал интересот на младите кон осигурителната индустрија?

Задржувањето на интересот на младите кон осигурителната индустрија, може да биде вистински предизвик. Според мое мислење и студиозни анализи, нивната ангажираност би можела да се поттикне на неколку начини. Би алудирала на организирање кампањи, образовни работилници во училиштата и универзитетите, како и преку онлајн ресурси и социјални медиуми. Потоа, развивање на иновативни осигурителни производи, интегрирање на нови технологии и дигитални платформи за подобрување на искуството на клиентите во осигурителната индустрија. Младите лица често претпочитаат да користат онлајн апликации и мобилни апликации за да управуваат со своите финансии и осигурителни потреби. Токму затоа, сметам дека е потребно понудување на флексибилни и персонализирани опции за осигурување. Опции кои одговараат на различните потреби на младите. Ова може да вклучува опции за избор на покритие, плаќање на премии и услови за обезбедување.

Исто така, потребно би било и вклучување во заедницата и поддршка на младите лидери и претприемачи. Ова може да се прави преку соработка со студентски организации. Спонзорирање на стипендии и програми за менторство, како и поддршка на иновативни стартапи. Иновативно би било и креирањето на атрактивни и интерактивни содржини на социјалните медиуми кои ги привлекуваат младите. Истото вклучува кратки видеа, блогови, вебинари, и вежби за ангажман кои се фокусираат на релевантни теми за осигурителната индустрија.

Со имплементација на овие стратегии, сметам дека осигурителните компании можат да го задржат интересот на младите и да ги привлечат како клиенти и како потенцијални вработени во индустријата.

Трендовите се менуваат и технолошкиот развој влијае  и во контекст на осигурувањето и новите видови на ризици. Ризици кон кои осигурителните компании и брокерските друштва треба да се прилагодат. Колку во нашата земја се следат тие водечки меѓународни  светски практики?

Во последните години, осигурителната индустрија во различните земји се прилагодува на новите технолошки трендови, како и на новите видови на ризици.

Во Македонија, осигурителните компании и брокерските друштва исто така се соочуваат со слични предизвици и трендови, и во одредена мера се следат меѓународните светски практики. Имено, токму тие водечки светски практики, во осигурителната индустрија во Македонија може да се применат на повеќе начини и тоа преку дигитализација и примена на нови технологии за подобрување на клиентското искуство. Преку воведување нови продукти во своето портфолио и услуги кои одговараат на промените во потребите и предизвиците на клиентите.

Следењето на меѓународните практики во областа на клиентското искуство е особено важен аспект за осигурителните компании во Македонија. Тие се обидуваат да ги подобрат комуникациите со клиентите, да го зголемат нивниот ангажман и да им обезбедат лесен и ефикасен пристап до услугите. Исто така круцијално е прашањето околу имплементација на самиот фокус кон континуирано усовршување на методите и техниките за управување со ризик. Вложувањето во образование и развој на своите кадри, би ги задржало високите стандарди на професионалност, а и следењето на најдобрите светски практики, ќе придонесе за зголемување на свесноста за потребата од осигурувањето.

Осигурувањето е клучно за заштита на финансиските и личните интереси на луѓето. Важно е да се сфати дека тоа е инвестиција, а не трошок. Од што точно не штити?

Токму така. Осигурувањето е инвестиција, а не е трошок. Но, за да се разбере ова суштинско прашање, потребна е таа финансиска едукација. Од тука, важно е да се разбере дека осигурителните полиси имаат свои лимитирања и исклучоци, и дека потрошувачите треба да бидат добро информирани за условите и услугите кои ги нудат различните видови на осигурителни компании. Би нагласила дека консултацијата со брокер може да помогне да се разјаснат сите недоумици и да се избере најдобрата полиса за индивидуалните потреби.

..И некаде на крајот на нашиот разговор, Александра Танатарец во однос на темата поврзана со финансиската едукација, поентира:

„Интегрираната и координирана стратегија што вклучува вовлекување на различни заинтересирани страни, вклучувајќи владини институции, не-владини организации, приватен сектор и академски институции, е клучна за успешно подобрување на финансиската писменост и инклузија во Македонија. “

Интервјуто го водеше: Елена Трпковска Наумовски