Сообраќајната култура претставува важен елемент, дел од културата и одговорноста на човекот. Сообраќајната култура значи етичност и е специфичен вид кој секојдневно треба да се практикува, поседува, умее.
Едноставното познавање на сообраќајните правила и прописи и поседувањето на вештини за управување со возилото, не е доволно за да се следи кодексот во сообраќајот. Сообраќајната култура треба да биде навика на безусловно и редовно почитување на правилата, како и континуирано одржување на возилото во технички исправна состојба. Вниманието во сообраќајот e посебен бонтон кој мора да се реализира во насока на заедничко исполнување на општите интереси на сите учесници во сообраќајот. Грижата кон целиот процес како поединци и заедница, носи кон успешно, непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
По повод 11 Мај, Денот на културата во сообраќајот, студентите и учениците гости во СН Сообраќан Центар
По повод 11 Мај, Денот на културата во сообраќајот, СН Сообраќаен Центар се приклучи во агендата на СОУ „Таки Даскало“ од Битола и Техничкиот Факутет во рамките на Универзитетот Свети Климент Охридски.
Како наши посетители, студентите и учениците беа предводени од Проф. д-р Јасмина Буневска, проректор на Техничкиот факултет Битола и Драганчо Маркоски и Ангела Николовска – професори во СОУ Таки Даскало по стручни сообраќајни предмети.
Преку презентација на нашата колешка Благица Сековска, учениците и студентите имаа можност да се запознаат со работата и услугите кои ги нуди СН Сообраќаен Центар и СН Осигурителен брокер во насока на комплетната грижа како учесници во сообраќајот и зголемување на безбедноста на патиштата.
Се презентираа и бенефитите и услугите на СН Осигурителен брокер
Презентацијата ја водеше и Даниел Паришко, раководител на секторот за прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер. Даниел ги објасни бенефитите на услугите кои ги нуди нашата компанија. Имено, го напомена зелениот картон како задолжителен тип на осигурување кој мора да го имате доколку патувате во странство.
Паришко ја нагласи и важноста на каско осигурувањето, осигурувањето од автомобилска одговорност, како и патничкото осигурување. Меѓу останатите примати алудира и на важноста за развивање на свеста за постоењето на неминовните ризици. Токму за тие случаи е убаво кога некој е секогаш на ваша страна. Изборот на полисата за здравствено осигурување во СН Осигурителен брокер, како и останатите осигурувања е одговорност. Таа свесност се развива уште во младоста. Токму тоа им се потенцира на нашите посетители.
Обиколка низ нашиот објект
Поддржувајќи го фактот дека потенцијалот на младите е основа за градење на квалитетно општество, по повод денот на културата во сообраќајот, направивме обиколка низ СН Сообраќајниот центар. Колегата Владо Петроски од центарот за технички преглед и техничка служба, ги запозна присутните со нивната работа. Присутните беа запознати и со услугите на СН Техничи преглед. Комплетна регистрација и технички преглед на моторни возила, надоместок за јавни патишта, Референт на МВР. Имено во СН Технички Преглед, клиентот има можност да ги направи и сите потребни уплати за комплетна регистрација на возилото во Македонска Пошта.
Меѓу другото, истакна Петроски, се врши и хомологација, издавање меѓународни патни документи, ЦЕМТ, А-тест од сите типови како и потврда за исполнување на техничко-експлоатациони услови (ПТЕУ). Она што можиме да се пофалиме е новоста во нашиот Сообраќаен Центар, а тоа се тахографските картички.
Нудејќи врви услуги на едно место, присутните беа воодушевени од нашите простории и нашата работа. Ние со задоволство ги поттикнавме и мотивиравме за уште поголеми амбиции. Работата во СН Центарот за моторни возила ја претстави нашиот колега Димитри Пападимитриу. Секогаш во чекор со светските трендови, во нашиот центар, на клиентот му се нудат бројни услуги. Замена и продажба на ветробранско стакло, машинско рамнење на дискови директно на возилото. Освен тоа, се врши и продажба на масло и пневматици од високо реномирани докажани брендови.
Шериф Арифов зборуваше за професионалниот тим кој стои зад совршената нега и третман на вашето возило. Арифов ги претсави и услугите на пералната на лесни и тешки возила. Имено, таа овозможува професионално миење на надворешноста и внатрешноста на возилата по најнови стандарди.
После посетата, следеше кратка дискусија околу сето она што младите имаа прилика да го научат. Уште еднаш беше напомената важноста на културата на сообраќајот како основа за градење на одговорна и комплетна личност.