eurolink osiguruvanje

ЗЕЛЕН КАРТОН

Зелениот картон е проширување на осигурувањето од автомобилска одговорност надвор од територијата на Р.С.Македонија. Тој е исто така задолжителен тип на осигурување и истиот мора да го поседувате кога со возилото ја напуштате државата.

Овој тип на осигурување е гаранција дека во случај на штетен настан во кој ќе учествува возилото со кое управувате во странство, штетата ќе биде соодветно надоместена, без разлика дали сте причинител или оштетен.

Премијата (цената на осигурување) на полисата за зелен картон зависи од јачината на моторот кај патничките возила, додека кај товарните возила премијата е фиксна.