Петок е ден за разговор со нашиот тим. Ова утро се наоѓаме во нашата експозитура во Ресен. Разговараме со Поли Думовска, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер. Разговараме околу нашата визија, нашите планови, нашата СН приказна.
Поли како започнува твојот работен ден? Кафе, планови, клиенти…? Како до реализација на таа визија?
Како компанија која постојано треба будно да ги следи трендовите и да пулсира во име на предизвиците, тимот на СН Осигурителен Брокер, е свесен дека сѐ започнува од добар план. Всушност планот започнува од првиот ден од неделата. Уште од понеделникот. Најпрво ги завршуваме тековните обврски и потоа, на крајот од денот запишуваме што ни преостанува за утре.
Со кафе и разговор во утрото, се фокусираме кон тоа како може да се подобриме во нашите услуги, што е она што може да го промениме и како сѐ повеќе да бидеме достапни за нашите клиенти. Според мене, токму тука се наоѓа клучот за еден успешен тим. Во соработката и поделбата на обврските. Секако како бренд и лидер на пазарот на осигурувањето во Македонија, мораме најпрво ние да сме свесни за ризиците кои можат да го спречат нашиот план. Она што го нудиш на пазарот, најпрво треба да го имаш ти. Токму „ти“ како индивидуа да го разбираш како бенефит и да бидеш уверен, задоволен, да му веруваш. Ние веруваме во осигурувањето и потполно сме свесни дека е неопходно за секој поединец.
Што се случува со свеста околу ова прашање? Расте ли бројот на осигуреници?
Со напорна работа и континуирана соработка со клиентите, со константност, амбиција, трпение и многу љубов, ние стекнавме голема доверба кај нашите клиенти. Можам да кажам дека самите бројки покажуваат дека свеста околу осигурувањето во нашата земја расте, а бројот на осигуреници кои се потпираат на нашите услуги и СН Осигурителен Брокер како идеален партнер кој ќе ги штити, е сѐ поголема.
Поли колку љубовта и свесноста кон она што го работиш продолжува и надвор во твојот приватен живот? Ќе ни отвориш ли прозор кон таа Поли без деловниот кодекс и која мисла (мото) те одржува?
Па Поли е мајка, сопруга и секако е свесна дека животот е она најважното и најскапоцено нешто кое треба да го чуваме. Како што кажав и на почеток од разговорот, најпрво ние треба да му веруваме на она што го нудиме, па потоа да го нудиме. Осигурувањето, во оваа насока, е многу значаен дел од мозаикот на животот на секој човек. Инаку, надвор од канцелариите, сакам да пешачам во природа, но не би ми пречела и прошетка низ урбани големи метропои нели? (се смее) Уживам во прошетките со моето семејство и уживам во таа удобност која понатаму знае да ми даде крилја. Крилјата пак, потоа знаат да се преоблечат во деловен костум, а тој костум може да освои сѐ.
Од тука, можеби доаѓа и моето мото: „Ќе се случи бидејќи ќе направиме да се случи.“
Улогата на тимот е да го направи тоа. Не само да го зборува и да прави планови околу таа визија. СН Осигурителен Брокер реализира, совојува врвови заедно со своите клиенти зад кои секогаш стои како најголема поддршка и во најголемите невремиња.
Поли Думовска – референт за продажба
СН Осигурителен Брокер, експозитура Ресен
Службен телефон: 075 499 705
Улица: 29 Ноември / број 57