По повод големиот христијански празник Св.Трифун, СН Осигурителен Брокер денеска беше меѓу кавадарчани и традиционалното закројување на виновата лоза. На нашиот штанд во Кавадарци, имаше огромен интерес од страна на граѓаните на кои им беа презентирани нашите услуги.
–Непредвидливите временски непогоди, можат значително да влијаат врз вашите плодови и посеви.
За жал сето тоа, може да резултира во поледици кои би ја загрозиле финансиската, а и емотивната стабилност. Несомнено дека постои таа веројатност. Веројатност, дека сето она што сте го вложиле во вашите посеви и плодови, може да се изгуби во еден момент.
Токму затоа СН Осигурителен Брокер е некој кој секогаш стои зад вас и се грижи за вашата сигурност. Како идеален партнер, се обврзуваме да го заштитиме она што ви значи и ја подигаме свеста околу прашањето за осигурувањето кај граѓаните. Токму затоа, како општествено одговорна организација, ги следиме будно настаните, традицијата и секогаш сме на она место каде можеме нешто да поддржиме, да го цениме квалитетот и да го бодриме успехот, секогаш имплементирајќи го ризикот кој може да не спречи на патот.Затоа, го потенцираме осигурувањето кое претставува инвестиција, вложување кое треба да се подразбира во еден ваков процес.
На лозарите и градинарите им посакуваме родна година со искрени желби врвните македонски вина да продолжат да го освојуваат светот.
Квалитетното производство заслужува вистинска поддршка! А СН Осигурителен Брокер е секогаш од страна на клиентот и е достапен целосно да одговори на вашите барања.