Осигурувањето не е раскош, тоа е неопходност! – Зошто не треба да постои погрешната генерализација на поимот како нешто кое се сфаќа како трошок?
Сфатено како неопходност, осигурувањето не е претенциозно опуштање во „извесен“ раскош и тогаш кога го нема. Навидум се чини трошок, понекогаш и во моменти кога нема потребни финансии. Од тука изгледа како разгаленост и уживање во извесен раскош кој всушност го замислуваме. Често се сопнуваме со она што од секогаш не учело искуството и советите пренесувани со генерации. Како генерално најважен совет кој ни се нагласувал и го нагласуваме е фактот дека е круцијален моментот на штедење. А осигурувањето понекогаш изгледа како т.н. размазеност во домен на буџетот. Но, значи ли тоа погрешна генерализација на поимот како нешто кое се сфаќа како трошок, а не како инвестиција?
Во оваа конотација, важно е да се нагласи лажниот фокус кој претендира кон претставување на поимот како нешто ирелевантно, недостапно за секого, невозможно и не толку важно.
Деструктивниот пристап кон рушење на поимот, е апсолутно погрешниот. Непомислувањето на оној можен ризик кој знае да излезе на патот и тотално губење за свеста дека нашата иднина треба да биде осигурана, не го олеснува животот.
Осигурувањето не е размазеност и термин кој погрешно се етикетира во неколку зборови: „Само уште ова ни недостасуваше!“
Осигурувањето е нешто кое ви е потребно и задолжително доколку сакате да имате мирен и спокоен живот. Да се фокусирате кон целта. Може да го прилагодите на вашиот буџет, и во консултација со нашите брокери и агенти за осигурување да ја добиете онаа осигурителна полиса која најповеќе ќе одговара на вашиот буџет.