„Соништата им се остваруваат само на најголемите сонувачи!“ – Верче Цветаноска референт за продажба во СН Осигурителен Брокер, експозитура Струга 

Крај на работна недела, а ние се наоѓаме во СН Осигурителен Брокер експозитура – Струга.

Ве запознаваме со тимот на нашата компанија и денес разговараме со Верче Цветаноска референт за продажба во СН Осигурителен Брокер експозитура – Струга.

И некаде после првите испиени голтки, веќе го чувствуваме енергичниот пулс, темпераментот и амбицијата која Верче ни ја шири толку фуриозно, а сепак со леснотија не уверува во нејзиното мото.

„Соништата им се остваруваат само на најголемите сонувачи!“започна Цветаноска.

Всушност, со гордост кажувам дека оваа компанија се задржува на ова мое мото. Го препознава амбициозниот пристап, стреми кон поголеми врвови и никогаш не застанува. Јас сум темпераментна личност. Постојано сум во брзање, но не на начин кој би се држел на негативната страна од ваквиот пристап кон животот. Мене брзината ме исполнува и сметам дека ако доволно сакаме, ќе се трудиме и постојано ќе стремиме кон таа цел. Тимот на СН Осигурителен Брокер никогаш не се откажува од својата визија.

СН Осигурителен експозитура Струга

А што треба за една визија да се оствари?

Планот е… да се држиме на првичниот план. Да бидеме истрајни во одлуките и да го сакаме она што го работиме. Осигурувањето е основно и нешто кое на секој му е потребно. Тука, повторно ќе ја споменам таа брзина. Можеби токму таа е причината поради која треба да ја разбереме оваа проблематика. Во брзањето се прават грешки, но понекогаш колку и да внимаваме, ризиците дека нешто ќе не спречи, постојат и мора да ги имаме во предвид.

Од тука, мораме да го заштитиме она што ни значи, нашиот план и нашата визија ако сакаме сето тоа да се оствари. СН осигурителен Брокер е навистина идеален партнер кој е секогаш на страната на клиентот, а во врска со нашето работење, секогаш е од страна и на вработениот, на тимот. Свесни сме дека ние ја креираме приказната и затоа мора да сме неуморни, позитивни и фокусирани кон барањата.

Мултитаскинг или не?

Секогаш мултитаскинг. Сметам дека мултитаскингот те одржува фокусиран. Ако си способен да направиш повеќе работи одеднаш, тогаш го прифаќаш предизвикот.

Како стигна до оваа позиција?

Па, назад во минатото, студиите ги завршив на факултетот за Осигурување. Уште од тогаш сонував  за оваа позиција и тогаш сфатив дека треба упорност и храброст. Затоа велам, „Соништата им се остваруваат само на најголемите сонувачи!“ Потоа следеше лиценцата за брокер. Ми се допаѓа креацијата на приказната во СН осигурителен Брокер исто така и поради фактот што постојано се следат светските трендови, се вложува во младиот кадар и секако не го потценуваме и искуството. Компанијата расти заедно сo вработените, а и вработените растат заедно со компанијата. Придонесот е заеднички.

Верче, која си зад „деловните“ соништа? Кои се соништата што ги креираш во приватноста?

Нема некоја промена (се смее Верче). И во приватноста брзам. Имено, јас сум сопруга и мајка на две деца. Но, во целиот тој процес и мој живот кој се состои во една реченица „никогаш доволно време“, нашето семејство има еден приоритет. А тоа е заштитата на нашето здравје. Моите деца се растени во спортски дух и се занимаваат со пливање и фудбал. Сепак и во мултитаскингот треба човек да има приоритети и да се запраша од каде сѐ ќе започне. Најважно е здравјето, нашиот и животот на нашите најмили. И на крај, целта се тие. Најблиските кои апсолутно треба да ги заштитиме. Всушност тоа е целта на секој човек, родител, зрела личност. Повторно би се надоврзала на она што нашата компанија го објаснува. Разбудете ја свеста за осигурувањето затоа што најважно е да го заштитите вашето семејство. Еве ова нека биде еден апел: „Осигурајте ги вашите соништа.“

Верче Цветаноска – референт за продажба

СН Осигурителен Брокер, експозитура Струга

Улица: Kej 8 Ноември“

Тлефон за кионтакт: 078 370 558

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *