Запознајте го тимот на СН осигурителен Брокер: Наташа Илиевска – Сектор администрација, опслужување на експозитури
Позитивна енергија, упорност и амбициозност. Три нешта кои започнуваме да ги дискутираме овој петок. И иако е крај на неделата, нашиот тим сеуште со полна пареа работи и ги исполнува обврските. Денес, на утринско кафе сме со нашата колешка Наташа Илиевска, сектор администрација, опслужување на експозитури.
„СН Осигурителен Брокер е компанија што со воодушевувачка енергија, ја извршува својата работа апсолутно професионално“, започна Наташа, а на нашето прашање што е најважно за една компанија да биде успешна во поглед на тимот и неговата вредност, таа ни одговори:
Најважно е да останеме позитивни, оптимисти и истрајни во планот. Да одлучуваме без притисоци и да се развиваме заеднички, колегијално. Да работиме како едно цело. Тоа би значело да знаеме кога да се консултираме, да прифаќаме критики, да ги решаваме случаите и грешките. Најважен е односот помеѓу членовите на тимот.
Од кога си дел од нашето семејство?
Од 2019 година сум составен дел од оваа приказна. Ме фасцинираше и сеуште ме фасцинира фактот дека оваа компанија започна само со четири вработени, а денес е лидер во пазарот на осигурувањето во Македонија. Сето тоа се должи на балансираното работење на тимот, на амбицијата и упорноста. Тоа е она што не води. Никогаш не се откажуваме колку и да е тешко.
Каков е процесот на работа и комуникацијата со колегите?
Како дел од административниот сектор, имаме одлична соработка со нашите експозитури. Се разбира не можеме да велиме постојано дека сѐ е сјајно. Грешките се дел од работата, но важно е смирено да се најдат проблемите и истите да се решат. На крај, најважно е да знаеме дека назад имаме успешно сработен ден и исполнети обврски.
Наташа како се релаксираш кога не си во твојата канцеларија?
На прво место ми е семејството, па ако тоа ти е место за релаксација, понатаму можеш да освоиш сѐ. Јас сум сопруга и мајка, а меѓу другото имам и некоја креативна страна „зад завесата“. Изработувам персонализирани подароци – декупаж и токму тоа е она што ме опушта.
Меѓу другото знам да прочитам и некој интересен трилер, но сепак поради мојата емотивна страна, претпочитам да биде тоа лесна, а не трогателна и сурова приказна.
…Така го „испочитувавме“ кафеџискиот култ и започнавме со тековните обврски кои ќе ја комплетираат визијата на работната недела во компанијата со уникатна приказна на лидерот во пазарот на осигурувањето, во СН Осигурителен Брокер.