Доаѓа една нова година, нови предизвици. Нови бели листови чекаат да ги испишете и да создадете најубави спомени. Како општествено одговорни, стремиме кон континуирана свесност најпрво за себе си. Од тука, штом се „разбудиме“ и знаеме кои сме, доаѓа време да дејствуваме со тоа што ќе се заштитиме. Тимот на СН Осигурителен Брокер ви ја честита Новата 2024 година, а во контекстот, прочитајте неколку цитати кои се надеваме дека ќе ви послужат како мантри за вашата нова личност, приказна… За вашиот живот!
Осигурувањето е начин да го заштитиме утрешниот ден, додека му се насладуваме на денешниот! – СН Осигурителен Брокер ве штити и тогаш кога и вие сте го заборавиле вашиот чадор.
Ова ќе биде уште една нова година. Нова приказна во која не смеете да го заборавите ризикот и да бидете одговорни!
Колку и да е силен впечатокот од иднината, моќта е во нешто што може да ја спречи истата да се случи онака како што вие милувате. Дајте и шанса, држејќи ја за рака. Нашиот тим е секогаш од ваша страна и СН Осигурителен Брокер е некој кој секогаш стои зад вас.
Куќата има кров, има и семејство. Има и луѓе во таа приказна. Но, што ако…?
Почетокот на година е одличен период да застанете пред огледало и да сфатите коj сте. Какви „услуги“ користите и каков третман му овозможувате на оној кој го гледате пред вас. Станете одговорни и оставете го тој човек уште долго да блеска низ стаклото. Прегрнете го, запрашајте го, заштитете го.
Имаме желби, имаме и план. Имаме и визија, но се имаме ли ние самите? Кој е оној кој сето тоа треба да го исполни во новата година? Ако тоа сте вие, тогаш заштитете го тој човек и потсетете го дека непредвидливите ситуации можат да се случат и во новата година. Животот не завршил после прославата.
За една приказна да постои требаат три нешта: Главниот лик (или јунакот), помошникот, но и противникот за тоа да се случи. Секогаш имајте на ум, дека некој ќе се противи за животот да течи како во бајка, но затоа сме ние тука одново да ви изградиме скали и да ги ублажиме повредите. Ризикот постои за секој јунак во секоја приказна. Не можете да го спречите, не можете да го занемарите. Но, можете да бидете свесни за него и да го осигурате она што ви значи.