Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Христо Кондовски, ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“. Стануваше збор за официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации.
Имено наградите се доделуваат на крајот на годината. Свечената церемонија се одвиваше во гламурозна атмосфера во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје. Присуствуваа голем број претставници на бизнис секторот, дипломатскиот кор и јавниот живот. Се прославија достигнувањата, придонесите и извонредните приказни на истакнати професионалци.
Годинава меѓу добитниците е и Христо Кондовски, претставник на младата авангардна бизнис генерација. Неговото име, заедно со името на неговиот бизнис партнер Зоран Пејчиновски, е синоним за успесите на најголемиот осигурителен Брокер во државата. За успесите на лидерот на пазарот на осигурувањето – СН Осигурителен Брокер АД Битола. Компанијата е дел од пошироката СН Групација во чиј состав успешно функционираат и СН Сообраќаен центар-Битола, СН Центар за моторни возила, СН Центар за угостителство, СН Мото Центар Скопје, ТАХОМОБИЛ ДОО Скопје, Доо Дкпсн Битола, ДОО Агроскан Битола и Друштвото за управување со приватни фондови Сниф.
„Оваа награда многу ми значи. Ја посветувам на моето свето тројство, а тоа е Бог, моето семејство и моите колеги. Но, сакам да ја потенцирам и мојата филозофија за секое признание кое го добивам. Секое признание кое го добиваме е за она што е направено до денес и создава одговорност за она што треба да се прави од утре. Тоа е обврска да продолжиме со нашиот придонес за подобро општество.“-рече Кондовски, заблагодарувајќи се за наградата.
Оваа награда е признание за целата СН Групација, но и обврска да продолжиме со раст, развој и придонес во заедницата!