„Позитивна енергија, насмевка и љубов кон работата! – Три нешта кои ја прават оваа наша приказна најуспешна!“ – Наташа Стојановска, сектор финансии сметководство

Петочно утринско кафе со нашата драга колешка Наташа Стојановска, сектор финансии сметководство. Наташа е полна со позитивна енергија и уште од самиот почеток на денот не потсети дека со љубов кон работата можеме да постигнеме сѐ.

Наташа која е твојата приказна? Како ја градиш твојата кариера и како стигна да работиш во сектор финансии и сметководство во СН Осигурителен Брокер?

Мојата приказна започна на Економски Факултет во Прилеп, сектор финансии и сметководство. Сѐ започна со добар план и визија. Знаев точно каде чекорам. Мислам дека особено е важно да знаеш што сакаш, но пред сѐ да го сакаш тоа нешто. Во СН Осигурителен Брокер сум веќе една и пол година и можам да речам дека градиме навистина успешна приказна и сме лидери во пазарот на осигурувањето.

Како започнува и се одвива твојот ден?

Позитивна енергија, насмевка и љубов кон работата! – Три нешта кои ми се „вртат“ низ главата како нацрт план кој морам да го исполнам. Сите треба да започнеме од себе си. Доколку ти си позитивен и го сакаш она што го работиш, се случуваат чуда. Работните обврски се извршуваат со леснотија со добар план кој се прави уште во утрото, а откако ќе внесеш алтруизам, позитивна енергија и оптимизам како зачин во атмосферата, тогаш продолжуваат работните часови во кои креираме успех.

Наташа што е според тебе најважно надвор од канцелариите и која е поврзаноста? Дали воопшто постои поврзаност помеѓу кариерата и приватноста?

Наташа Стојановска, сектор финансии сметководство

Јас сум сопруга и мајка. Семејството е најважно, а уште порелевантно е како ќе ја креираш таа бајка. И да, мора а биде бајка. Од тука, семејството мораме да го штитиме и да бидеме свесни за нашиот живот. Тоа е уште една поврзаност со она што го зборува СН Осигурителен Брокер. Свесноста пред се за себе си. Одговорноста кон самите себе, значи дека се грижиме и дека сме одговорни кон животот кој сами го режираме. Но, во секоја приказна постои противник и помошник, па од тука мораме да бидеме свесни за ризиците. Токму тука следи осигурувањето. Во тој поглед, ја поврзувам професијата и приватноста. Имаме исти мислења.

Така го испивме кафето и се подготвивме да ја финишираме оваа успешна работна недела која ја креираме со упорност, амбиција, насмевка и секако многу љубов кон работата.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *