Петок и утринско кафе за будење. Уште еден работен ден во дирекцијата на СН Осигурителен Брокер во Битола. Разговараме со нашата драга колешка Марија Биљановска Петроска – администратор во сектор сточарство во СН Осигурителен Брокер. Го започнавме разговорот со ентузијазам и веднаш разговараме за амбицијата. Иако е Петок, а после неколку часови работа следи викенд, ние зборуваме за нашите амбиции. За нашите идни планови и за тоа колку сме горди и ја сакаме нашата професија.
-Навистина ја сакам мојата работа. Се пронајдов како администратор во сектор Сточарство. – вели Марија. – За нашата компанија сметам дека е брзорастечка. Она што најповеќе ми е драго што сум член од ова семејство, е тоа што никогаш не се откажуваме. Нашето „биро“ е секогаш полно со позитивна енергија, амбиција и континуирана иницијатива. Не сме луѓе кои се откажуваме лесно и не сме луѓе кои се откажуваат и кога е најтешко. Лесно е да си успешен кога има сонце, но дали навистина вредиме, кажува фактот како се снаоѓаме на дождот. Ние наоѓаме начин да излеземе и да најдеме солуција и во најтешките моменти. Визијата ја креираме заедно. Како поединци сме свесни дека нашето искуство, континуираното работење на себе, обуките, посетувањето на семинари и слично, е наша одговорност. Најпрво како што реков, одговорност кон нас самите. Кога самите знаеме дека сакаме да растеме, стануваме уште посилни како тим!
Во што верува Марија? План или судбина?
Колку и да планираш, сметам дека на крај постои нешто кое може да те сопне на патот. Токму тука, се надополнуваат непредвидливите ситуации за кои всушност зборува и целта на она кое го работиме во СН Осигурителен Брокер, најуспешната компанија на осигурителниот пазар во Македонија.
Инаку, би споделила дека некогаш имав друга визија за мојата кариера. Понаква замисла за професионалниот развој во иднина, но се случи оваа приказна. Сега сум горда што работам во овие канцеларии. Сфатив дека сакам да ја развивам кариерата токму на ова место, сектор сточарство. Како администратор и некој кој (сепак) стои зад завесата, а е неизоставен дел од нашето цело, со одговорност тврдам дека тимот е неуморен, не застанува и никогаш не вели: „Ej, тука е доста.“
Кога би зборувале за тоа која е Марија надвор од професионалниот кодекс, што би кажала за неа во трето лице? Како се доживуваш?
Како среќна и посветена мајка на две деца. Сопруга и жена која смета дека амбицијата е неизоставен дел и од градењето на токму таа личност што е надвор од деловниот кодекс. Грижата околу семејството е најважното нешто. Она што го градиме треба да го чуваме, а јас сметам дека градам успешен човек и жена која домот го гледа како свето место од каде започнува сѐ. Расположението, позитивната енергија, успехот.
Инаку, во целата таа слика за еден дом, постои сопруг, деца и секако кученце кое исто така е неизоставен дел од нашите животи. Освен грижата за него, се грижам и за мојата градина. Цвеќињата ме научија дека љубовта и посветеноста се најважните нешта. Она што го сакаш ќе порасне, она на кое не му посветуваш доволно внимание и поминуваш покрај него без или едвај да го погледнеш, исчезнува како да никогаш не постоело. Затоа треба да го штитиме она што го имаме, да го сакаме и да го негуваме. Тука би се надоврзала дека професијата со осигурувањето е доблесна, затоа што како компанија ги потсетуваме граѓаните да ја развијат свесноста да изградат нешто. Но, пред сѐ да бидат свесни дека постојат непланирани ризици и ситуации кои можат само во еден момент сето тоа да го уништат. Затоа сме тука и секогаш сме на страната на клиентот.
Така привршуваме со кафето и мислиме на поентирањето на Марија кое и ние би го акцентирале:
„Она што го сакаш ќе порасне, но ако не си одговорен и свесен за можни последици, еден ден колку и да го сакаш може да го изгубиш. Затоа сме тука да го осигураме она што најповеќе ви значи. “
Марија Биљановска Петроска – администратор во сектор сточарство
СН Осигурителен Брокер – Дирекција
Службен телефон: 075 252 374