Домот е место каде љубовта започнува и никогаш не сакате да заврши. Но, колку сте го заштитиле вашиот дом, вашиот имот?
Како гледаме на нашиот живот, како се чувствуваме понатаму во нашето секојдневие, започнува од утрото. А утрото, започнува во домот. Од тука креираме животни приказни кои ќе преминат во наши најдраги спомени. Домот не е само зграда, куќа, соба со четири ѕидови. Toa е приказна во која го креирате вашиот живот, го создавате вашето расположение, ја создавате и креирате љубовта. Домот е место каде таа започнува и никогаш не сакате да заврши. Но, колку сте го заштитиле вашиот дом, вашиот имот?
Непредвидливите ситуации се дел од мозаикот за жал на секоја приказна. Ако погледнеме наназад, во детството и бајките, секогаш постоеле јунаци и некој кој се противи на тој јунак да ја исполни целта. Дури и кај најголемите автори и креатори постои свесноста дека постои ризик да таа бајка, еден ден може да се распадне од ништо.
Вашата бајка, во случајот е вашиот живот, кој започнува од вашиот дом. Но, што се случува доколку не сме свесни за оние кои се „противат“ на сето тоа да течи без никакви последици? Немилите настани како пожари, кражби, природни катастрофи се нешта кои не смееме да ги заборавиме. Секоја приказна има јунаци и некој кој може да го сопне тој јунак попречувајќи му го патот до успехот. Затоа е важно да го осигурате сето она што сте го граделе, што толку вредно сте го конструирале, дизајнирале, оствариле. Зошто е важно да го осигурате вашиот имот?
Ќе се заштитите од финансиски последици
Несреќите како поплавите, пожарите или земјотреси можат да ја нарушат хармонијата и да наметнат проблеми кои ќе влијаат на финансискиот буџет кој сте го планирале за сосема друга цел. Осигурувањето имот ќе ве заштити и ќе ви помогне во најбрз рок да се вратите во нормалниот живот. Со наша помош добивате брз и соодветен надомест на настанатата штета.
Спокој и мир на душата: Фактот дека некој е секогаш на ваша страна и фактот дека вашиот дом е осигуран, деновите ќе ви течат спокојни и ќе имате мир на душата. Ќе го отстраните чувството на емотивен притисок кој му следи на прашањето: „Што ако нешто се случи со мојот имот?“
Заштита на вашите лични вредности: Домот e место каде што чувате вредни предмети и спомени. Осигурителната полиса ќе ги покрие вредни предмети како Предмети од домаќинство, пари и скапоцености, уметнички предмети и слично, машини, опрема, залихи и слично.
Околу ова прашање, за осигурувањето на имот прочитајте повеќе и информирајте се на нашата веб страна тука.