Чекор пред најновите трендови, а не само следење на пазарот – Кариерни навики за обезбедување поголем деловен успех
За да стекнат успех и секако да успеат да го освојат „скриеното“ богатство, богатите луѓе имаат принципи кои ги претвораат во навики. Никогаш не ги откриваат нивните тајни, работат тивко, понекогаш во сенка, а секогаш ги следат светските кариерни трендови. Но, тоа обезбедување на поголем деловен успех, не значи само следење на трендовите, туку и будно усовршување на она што го работат. Така, богатите се фокусираат кон чекорите кои мора да бидат први и пред оние најновите кои ги налага светот.
Успешните луѓе не ги слушаат слепо правилата кои им се наредени од светот
Успешните луѓе не ги слушаат слепо правилата. Мудро слушаат, но никогаш не копираат. Тие се свесни дека и најдобрата копија не може да биде подобра од оригиналот и затоа сакаат да ја надвладеат конкуренцијата иако секогаш сметаат дека таа е здрава. Покрај другото, за нив, конкуренцијата претставува огледало на нивниот успех. Така можат да го надвладеат пазарот, а не само слепо да го следат без да евидентираат било какви грешки.
Успешните луѓе знаат да работат и да прават пари и додека спијат!
Тоа е основното прашање на богатите луѓе. Како да се фокусираат кон пасивните приходи кои сепак ќе бидат приходи? Кога ќе се одговори истото, се смета дека успехот веќе се гледа. Според американските медиуми на пример, Џеф Безос заработува 150 000 долари за минута и тоа секој ден. Секако, дури и кога спие.
За да си богат, успешен и за да се наречиш себе си кариерист, најпотребно е да си амбициозен и никогаш да не се откажуваш. Токму затоа, тие никогаш не оддолговлекуваат и навремено се соочуваат и ги решаваат своите проблеми. Стремат кон обезбедување на подобра клима и го надоградуваат пристапот кон предизвиците. Освен тоа имаат тим и опкружување за кој се свесни дека е дел од нивниот идентитет. Свесни се за тимската работа, улогата на поединците во нивната „игра“.
За крај успехот можеби најповеќе се креира како заедничка цел на истомисленици. На луѓе кои ве поддржуваат, бодрат и ја делат истата заедничка визија. Токму за таа приказна зборува нашата компанија. Стратегијата е во концентрацијата кон тимот кој треба да се разбере дека е клучен фактор кон реализирање на целта. СН Осигурителен брокер оствари визија што ја изгради од истомисленици и стреми кон уште поголеми успеси. Го зголемува тимот, со постојано инвестирање во нови знаења и обуки. Создаваме квалитетен кадар кој еден ден ќе биде дел од најмоќните луѓе во светот и со мотивациски цитати ќе придонесат во работата во делот на пазарот на осигурување.