СН Осигурителен Брокер има потреба од Администратор. Добредојдени се пријавите од кандидати кои имаат:
- Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок и конструктивно решавање на рабoтни предизвици
- Професионален и позитивен однос
- Љубезност и учтивост
- Самоиницијативност
- Волја за развивање, учење и напредување
Што очекуваме од Вас:
СН Осигурителен брокер го препознава потенцијалот на пријавените, а за конкретната потреба од администратор, од вас очекуваме:
- Информирање и запознавање со услугите на осигурување на потенцијални клиенти
- Чувство за однос со клиенти
- Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност
- Работно искуство во осигурување ќе се смета за предност
- Поседување на брокерска лиценца ќе се смета за предност
- Работно познавање во MS Office
- Развиени организациски способности
- Возачка дозвола Б категорија
СН Осигурителен брокер нуди:
- Загарантирана бруто-плата
- Полно работно време од 40 часа неделно
- Договор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот на наопределено време
*Избраните кандидати ги следи обука која трае 14 дена
* Задолжителна означете ја позицијата за која аплицирате
* Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Пријаевете се на огласот и започнете кариера и станете дел од тимот на професионалци.
СН Осиурителен Брокер АД Битола е современа компанија и брокерско друштво кое се истакнува како најбрзорастечка компанија во секторот на осигурување. Како компанија која стреми кон уште поголеми успеси, СН Осигурителен брокер го препознава потенцијалот и континуирано вложува во нов кадар. Целејќи кон врвот, со евидентен растечки стремеж, компанијата има растечки капацитет. Според нас, вложувањето во квалитетен кадар е суштинскиот двигател на еден бизнис.
Вработените се оние кои стојат зад успешноста и претставувањето на СН Осигурителен брокер како лидер во пазарот на осигурувањето во нашата држава. Во пријатна атмосфера , поттикнувачка и позитивна енергија, СН има визија, идеја и желба за континуирано прифаќање на нови идеи. Доколку се гледате како дел од нашата компанија и имате амбиции кон поголем кариерен развој, пријавете се на нашиот оглас и бидете дел од нашето семејство.