„Она што го слушаме, тоа и го добиваме!“ – Научете да се фокусирате кон она што ќе ве заштити

„Научете се да го слушате она што ќе ве заштити!“

Една од доста злоупотребуваните мисли и често тврдење е она кое тврди дека какви ни се мислите, таков ни е и животот. Во врска со она што ние го претставуваме, со будењето на свеста околу осигурувањето како нешто кое ќе ве заштити, би се приклучиле и би го разгледале ова тврдење. Независно од тоа колку добро планираме, постои ризик. Ризик, дека нашата визија може да не се оствари. Тогаш би рекле повторно: „Какви ни се мислите, таков и живот ќе живееме!“

Но…

Тие мисли (кои секако треба да претендираат кон убавото и позитивната замисла за светот и сѐ она што не опкружува), треба да ги имаме на самиот почеток. Во тој момент кога ги креираме нашите бизнис планови, кои би се однесувале на нашата компанија или лични цели. Како ќе се однесуваме во текот на деновите што следат, зависи од нашиот фокус. Дали ќе бидеме концентрирани кон убавото, успехот и амбицијата и ќе бидеме свесни за она што е непланирано? Или ќе се однесуваме рамнодушно и ќе чекаме без ни најмалку да се потрудиме.

„Она што го слушаме, тоа и го добиваме!“ – Научете да се фокусирате кон она што ќе ja заштити вашата иднина

Од тука, научени сме да го слушаме и разбереме само она што нашиот разум може и сака да го процесира. Јасно е  дека во подвигот на планирање иднина, на прво место треба да бидеме отворени и да разгледаме повеќе можности. Да поставиме неколку прашања- Што треба за тоа што го посакуваме да се случи? Што може да ја спречи нашата цел? И што е суштинското за да ја исполниме? Како да ја осигураме нашата идеја за да оствариме можност. Од тука штом сфатиме дека осигурувањето игра најважна улога, да се осигуриме дека разбираме сите детали за да го заштитиме нашиот буџет. Релевантно е да сфатиме дека осигурувањето е инвестиција. Ако едно утре е обезбедено и од самиoт старт знаеме дека имаме пријател во таа иднина, тогаш не трошиме ништо. Само добиваме уште повеќе можности за мирен и спокоен живот на патот кон целта. 

Да научиме да го слушаме она што е потребно, а не само она што сакаме да го чуеме. Нашата компанија и нашите вработени се отворени за соработка со вас како клиенти и сме свесни дека треба да бидеме достапни и отворени за секое ваше прашање.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *