8 години постоење на компанијата СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР
Од мала идеја, до големо остварување на една визија што денес стана бренд меѓу водечките брокерски друштва во нашата држава.
Компанија СН осигурителен брокер, полека, но сигурно се искачуваше до своето заслужно пиедестално место и веќе 8 години успева да ја задржи својата лидерска позиција на врвот.
Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски, денес извршни директори на СН Осигурителен брокер АД Битола ја започнаа оваа успешна приказна на самиот крај на 2014 година. Визијата, поддржана од страна на уште пет акционери, докажани претприемачи во доменот и областите во кои работат, денес стана реалност, а несомнено за тоа зборуваат и фактите:
По основ на бруто полисирана премија, бројот на вработени, бројот на подружници и реализирани штети, СН Осигурителен брокер АД Битола, денес е најголем осигурителен брокер во државата.
„Од формирањето до денес компанијата бележи континуиран раст. Во овие 8 години низ целата територија на државата се отворија 40 подружници со мрежа од 134 вработени, професионалци од различни области“ – оценуваат првите луѓе на СН Осигурителен Брокер АД Битола. – „СН Осигурителен брокер е компанија посебно фокусирана на потребите на клиентите. Тоа е однос кој се темели на меѓусебна доверба и партнерство.“ – вели Главниот извршен директор Зоран Пејчиновски.
„Бројот на клиенти на компанијата расте секоја година. Позитивните резултати, што СН Осигурителен Брокер АД Битола ги постигнува во континуитет во текот на овие седум години се одраз на експертизата и балансираното управување со фирмата, посветеноста и придонесот на целиот тим. СН Осигурителен Брокер е синоним за квалитетна, ефикасна и брза услуга за целосниот спектар на услуги кои што ги нуди и постојано инвестирање и вложување во нови знаења и обучување на нашиот млад професионален и перспективен кадар кој посветено се грижи за клиентите.“ – посочува Пејчиновски.
Николина Таневска и Александра Кулевска се првите вработени покрај Кондовски и Пејчиновски, а овие дами, денес со задоволство се сеќаваат на нивните почетоци за тој декември во 2014 година.
Кулевска и Таневска со уште поголем ентузијазам освојуваат врвови и се уште повеќе мотивирани благодарение на бројните успеси.
„СН Осигурителен Брокер АД Битола ја познава и постојано ја следи понудата и побарувачката за осигурување на пазарот, така што се фокусира да создава иновативни решенија и услуги се со цел да им го понуди најдоброто на клиентите, бидејќи нивното задоволство и лојалност се нашиот поттик и инспирација.“-вели м-р Николина Таневска, втор извршен директор на СН Осигурителен брокер АД Битола.
„Лидерската позиција се должи на нашата активна вклученост во донесувањето на законски мерки и начинот на обештетување на осигурениците, како и нивно целосно информирање. Фунционираме одлично бидејќи секогаш сме на страната на клиентите, избираме добро и соодветно осигурување за нив, а најважно е што сме дел од секој процес на осигурувањето, конкретно од давање на понуда до исплата на обештетување. Осигурителните брокери се вистинскиот начин секој да дојде до добро и соодветно осигурување. Со нас осигурениците добиваат вистински партнер.“-вели Александра Кулевска, раководител на експозитури и администрација во СН Осигурителен Брокер.
Како општествена и одговорна компанија, СН Осигурителен брокер како фундамент и најголем примат, во својот фокус ги става желбите на клиентот, нудејќи му услуги кои во потполност, доследно и точно ги реализира и остварува.