Сметајќи ја како центар на меѓунардните финансиски пазари и симбол на светското финансиско средиште, во Њујорк се наоѓа најпознатата улица во светот – Волстрит.
Волстрит има оставено богата историја зад себе. За нејзиното име, некои извори велат дека доаѓа од старата холандска фраза „Walloot Straat”. Тоа во превод би значело „улица на древните валути”. Имено, оваа улица има голема приказна. Но, како што нагласува економистот Хауард Воктел, во својата книга насловена како „Улица на соништата – Булевар на скршените срца“, улицата Волстрит останува иста. „Приказната е иста, само актерите се менуваат“, вели тој. Според Хауард, со оваа улица „раководат“ големи играчки, а останатите се оние „ситни риби“ со големи соништа.
Како започна приказната за најпопуларната улица во светот
Инаку, историјата на Волстрит започнува во 17-тиот век во Нов Амстердам кој бил град на холандските колонизатори на Америка. Подоцна, Нов Амстердам се претопил во Њујорк Сити. Авторот на наведената книга, вели дека Волстрит преку војна и скандали станал глобален симбол на богатство и моќта.
-Неколкумина инсајдери и добро упатени прават пари, додека масите, водени од надеж за збогатување, го обезбедуваат најголемото количество пари за инвестициите, но предоцна реагираат да профитираат од влогот. Сето тоа започнало, со долгот од крајот на Американската револуција. – вели Воктел, авторот кој детално ја раскажува целата историја.
Тој период, Волстрит бил центар на комерција и трговија, за набрзо, со растењето на Њујорк, да порасне и оваа улица. Волстрит, станала место каде се сретнуваат трговци, инвеститори, банки, брокери. Улицата „помина“ и низ многу падови, но стана финансиски центар и сон и место кое значи финална точка на исполнување на соништата на амбициозните.
Како седиште на американската финансиска индустрија, Волстрит се именува од 19ти и 20ти век. Набрзо некои од најголемите институции, брокерски друштва, највијателни банки, берзата на Њујорк, како една од најголемите светски берзи, имаат свои седишта на оваа улица што секако претставува и позната туристичка атракција. Затоа што секој сака да ѕирне во светот на најуспешните биснисмени во светот.
Волстрит денес се смета за локацијата од каде се формираат и манипулираат светските финансиски трендови.