Дали она што го мислиме сега, ќе го мислиме и во староста? – Фокусирајте се кон вашата иднина

И кога еден ден ќе стигнеме на залезот на нашиот живот, дали би посакале да се вратиме? Да се вратиме и да промениме нешто? Како ќе се чувствува тој човек во таа иднина? Во вашата иднина?

Токму тоа е релевантната цел на која треба да се фокусираме во сегашноста. Што ние денес ќе одлучиме, тоа и ќе му се случи на тој човек во иднина. Каква судбина му одредувате? Ќе биде ли тој човек разочаран со лоши спомени? Со моменти кога никој не се грижел за него, а најповеќе бил лишен од грижата кон неговиот живот. И тоа од никој друг, туку од самиот себе.

во иднина

Подајте му рака на сопствената иднина и она што вас ве очекува. Не знаете што ќе биде, но мора да сте свесни за веројатноста дека може да се случи тој ризик. Да сте свесни дека постои веројатност да ја изгубите битката и сето тоа за жал, е возможно. Токму затоа, на тој стар човек и во часовите кои допрва ве очекуваат, треба да им овозможите да имаат клуч за вистинската врата.

Клучот го имаме ние како брокерско друштво и компанија која е докажана во пазарот на осигурувањето во Македонија. Ние сме тука за да се грижиме за вас сега, во деновите што следат, во тоа утре и во таа иднина. Да ви подадеме рака и да бидеме рамо на кое може да се потпрете.

…И тој ден, тој човек што ќе ве претставува токму вам во вашата иднина, ќе забележи дека бил среќен и ќе ви биде благодарен. Животот е најскапоценото нешто кое човек го има, затоа не уништувајте го сето она што го планирате, што го имате, она кое го сакате. Дајте си можност за убав живот и отворете ја вратата кон мирен и спокоен живот.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *