Утро во Скопје во нашата експозитура во Автокоманда. И пред да започнеме со работните обврски, кратко „кежуал“ кафе со нашата колешка Теодора Симоновска, Референт за продажба и раководител на експозитура Автокоманда-Скопје. „Тимската работа е како сложувалка, секој член е суштинско парче што ја комплетира конечната слика“ – вели Теодора и продолжува:
Освен искуството, праксата и целосната вложеност кон она нешто кое сакаш да го работиш, најважна е соработката со колегите. Со тимот. Фокусот кон тимската работа. Токму тука е градење на тој толерантен, несебичен и емпатичен став и однос со колегите. За да има одговори, треба да има и прашања, па така наша одговорност е да знаме што точно бараат од нас нашите клиенти. Тимот на СН Осигурителен Брокер е оној кој го создава тој концепт на прашања кои најпрво треба да ги одговориме ние, да си ги објасниме и да се согласиме со донесениот заклучок, а потоа со отворен дијалог, достапност и професионалност да им објасниме на нашите клиенти сѐ она што ги интересира во врска со осигурувањето.
Што е осигурувањето?
Осигурувањето е инвестиција и од далеку не претставува финансиски трошок. Во главниот град, тоа сѐ повеќе станува пракса и нешто кое е сфатено како основно. Животот на сите ни значи. Луѓето сѐ повеќе стануваат свесни дека треба да го заштитат и секако да заштитат сѐ околу него.
И прашање кое сите ги интересира. Која е Теодора надвор од работниот кодекс?
Едноставна девојка со претензија кон успешен, среќен и безгрижен живот. Семејството и пријателите околу мене го прават она место во кое најповеќе уживам. Потоа одново се подготвувам за нови работни обврски и предизвици на работното место кое навистина го сакам.