Често пати се споменува правилото: Ако не ризикуваме, нема да добиеме? Тука, би се запрашале: Да ризикуваме или да сме свесни за ризикот?
Ризикот и свесноста за истиот, се во некоја тенка корелација. Но, од тука би го поставиле прашањето дали се тие два поими различни? Секако дека понекогаш мора да ризикуваме. Но, што ако тој ризик имаме можност да го заштитиме така што не би претрпеле екстремни последици? Свесноста и ризикот играат витална улога во општото живеење или во секој аспект од животот. Особено кога зборуваме за финансиите и осигурувањето. Доколку сме свесни за ризикот кој го преземаме, свесни сме за можноста. Но, исто толку сме свесни и за сето она што можеме да го изгубиме. Осигурувањето е таа можност која нуди сигурност и во оние моменти кога всушност сметаме дека неа никаде ја нема. Ваквиот вог во вашата иднина, значи дека го прифаќате целиот пакет од непредвидливи ситуации. Ситуации кои можат да го спречат па дури и навидум најпредвидливиот ризик.
Со други зборови, кога преземаме ваков чекор, веќе знаеме што може да изгубиме, каде може да паднеме, но адреналинот е оној кој ни вели дека од друга страна можеме и да се искачиме највисоко. Во вториот случај, секако дека би добиле, но оној првиот е интригантниот момент. Со колкава брзина ќе паднеме? Над што ќе паднеме? Колку ќе биде силен тој удар и кои се последиците кои можеме да ги поднесеме.
Често е злоупотребувана мислата дека оние најмоќните личности кои постигнале голема слава и богатство многу ризикувале, но доколку ги откриеме тајните и продреме малку подлабоко, зад кулисите, завесата и целиот тој „сторителинг“ кој уште во воведот не ни открива ништо, и тие најмоќните би рекле дека го планираат ризикот. Планираат што се може да се случи.
Токму тука, меѓу редовите на погоре кажаното, СН Осигурителен Брокер се истакнува како ваша десна рака, идеален партнер и поддршка во вашата иднина. Ве штити и поддржува во сите потфати, потсетувајќи ве на фактот дека осигурувањето е круцијална свесност која ја имаат најголемите брилијантни умови. Бидете дел од таа можност да остварите и креирате иднина од која нема да го почувствувате силниот тресок, големиот пад на вашиот бизнис, на сето она што сте го граделе и ризикувале.