Како две клучни карактеристики што дефинираат еден успешен родител, се одговорноста кон вашите деца и штедење за нив. Ова се основите врз кои се гради еден успешен, спокоен и мирен живот кој ветува безгрижност. Со суштинско значење, поентираат и се насочуваат кон финансиска сигурност, стабилност на семејството, обезбедувајќи светла иднина.
Штедење како основа за здрави навики
Успешниот родител секогаш се концентрира кон сфаќањето дека секогаш постојат непредвидливи ризици, а тие донесуваат несакани финансиски и емотивни последици. Успешните родители ги учат децата на штедење и ги фокусираат кон значајни нешта. Да ги ценат своите пари, своето време. Треба да објаснат како штедењето им помага во градење на успешна иднина и да создадат здрави навики.
Одговорноста како приоритет
Способноста да се задоволат релевантните потреби на децата, значи добар план кој ќе го реализира родителот. Насоката кон зрели одлуки во понатамошниот живот на децата, значи вашите најмили да се огледуваат на вашите здрави и одговорни навики. Она што ќе напишеме на празната табла, тоа ќе се случува.
Животот е најскапоценото нешто
Да знаеме дека децата ни се во сигурни раце, е нашиот приоритет. Во истиот контекст, поседувањето на полиса за осигурување живот е нешто кое посочува кон најдобриот начин за намалување на ризик од непланирани и непредвидливи финансиски и емотивни оптоварувања. Несаканите случувања се составен дел од секојдневието. Затоа знаењето дека некој секогаш е на ваша страна и ги поддржува вашите одлуки во градењето на одговорноста, е круцијална подготовка да се стане одговорен.
Воспитување и вредности
Она што го гледа детето, тоа и го емитува. Вашите постапки и приоритети значат едно огледало во кое детето го „шминка“ својот идеал. Бидете токму неговиот идеал и создадете одговорни, здрави и етички навики. Родителот треба да ги насочи своите деца кон конструирање на она нешто кое се нарекува почит кон сопствениот живот, објаснувајќи дека тоа е најважното нешто.
Подготовка за свесност од неочекувани случувања и трошоците како последица
Инвестирањето во иднината значи дека осигурувањето е приоритет и не е трошок. Знаејќи ги сите овие последици и фактот дека постојат ризици, СН Осигурителен Брокер АД Битола во соработка со Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ви го нуди пакетот Касичка – детско осигурување со штедење почнувајќи од 1000 денари месечно. Повеќе за истиот, можете да се информирате во СН Осигурителен Брокер на телефон 078 23 75 29 и 075 28 46 53.