Големиот автомобилски спектакл „Тунинг кар шоу“ традиционално се одржува во Прилеп по повод 11 октомври. Со своја автентичност, секоја година ја привлекува поддршката од бизнис секторот. Меѓу општествено одговорните компании кои годинава обезбедија поддршка за овој интересен настан кој собира повеќе илјадна публика, се најдоа и компании од СН Групацијата.СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР И СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР беа присутни на „ТУНИНГ КАР ШОУ“ ВО ПРИЛЕП
-Повеќе авто мото клубови од земјата и соседството изложија интересни модифицирани автомобили. Изложени беа и уникатни олдтајмери, реставрирани автомобили, како и луксузни и теренски возила.
„СН Осигурителен Брокер и СН Сообраќаен Центар со задоволство го поддржаа јубилејното 15-то издание на Tuning Car Show во Прилеп. На организаторите им честитаме на организацијата. Ова беше уште еден одличен настан на кој можеа да се видат оригинални автомобили, луксузни и теренски возила, како и одлични примери на реставрации. СН Осигурителен Брокер и СН Сообраќаен центар – општествено одговорни компании!“-соопштија од СН Групацијата.
Истовремено, голем број посетители на манифестацијата имаа можност да се запознаат со сите типови осигурување кои ги нуди СН Осигурителен Брокер АД Битола. Исто така, беа презентирани и услугите кои ги нуди СН Сообраќајниот центар во Битола. Имено, тука се вклучуваат и техничкиот преглед и комплетна регистрација на моторни возила на рати без камата. Во склоп на центарот, се нуди и автомеханичарски сервис, А-тест од сите типови, хомологација, издавање меѓународни патни документи и друго.