„Она што го претставуваме е вистинскиот избор кој ќе ве штити и во најголемите невремиња.“ – Викторија Ѓорѓиоска Ефтинџиоски, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер

Утринското петочно кафе го пиеме во нашата експозитура во Прилеп. Секој петок споделуваме дел од нашата СН приказна и ве запознаваме со тимот кој стој зад нашата компанија, а денес разговараме со Викторија Ѓорѓиоска Ефтинџиоски – референт за продажба во СН Осигурителен Брокер.

„Кога работата ти претставува одмор, тогаш си сигурен дека се наоѓаш на вистинското место.“  – Започна Ѓорѓиоска Ефтинџиоски и со насмевка продолжи да ни раскажува како ја креираше ова приказна. -Студирав на економски факултет во мојот роден град. Од секогаш знаев дека ја сакам оваа професија и претендирав кон оваа улога  уште од моите студентски денови. Имено, фактот дека го носам деловниот „кодекс“ на СН Осигурителен Брокер, ме прави навистина горда. Но, со искуството, сфатив дека зад таа гордост, стои цел еден тим кој ја поттикнува, охрабрува и бодри таа идеја. Тимот во СН Осигурителен Брокер е оној главниот „виновник“ за успехот.

тимот во СН

Каква е атмосферата во Прилеп во поглед на осигурувањето и свеста кај граѓаните? Од тука, каква е соработката со нашите клиенти?

Свеста околу ова прашање доживува високи резултати и трендот се движи во нагорна линија. Бројката на осигуреници кои веруваат и се задоволни од нашата услуга е сѐ поголема. Луѓето разбираат дека треба да го осигураат сето она што им значи. Како вработени, отворени сме за консултации и за дообјаснување на некои нејасни прашања. Клиентите се секогаш запознати со нашите услуги и нашите поволности кои го штитат нивниот интерес и нивниот буџет.

Можеш ли некако „виртуелно“ да ни се претставиш надвор од  работните обврски?

Посветена мајка и сопруга. Детето е моето хоби и како и секоја жена, се трудам да постигнам сѐ и на приватен и на деловен план. Ако зборуваме за мултитаскинг, морам да забележам дека и не е толку лесно. Но, целата поента е да сме доволно смели да веруваме и да го визуелизираме она што сме го наумиле.

Пред да ја постигнеме целта, треба да сме свесни дека таа ќе се направи само ако доволно се фокусираме кон неа. Особено ми е важно да потенцирам дека токму тој мултитаскинг, брзиот начин на живот, секојдневието, може да не спречи да мислиме на она што нам ни е најважно. Тука повторно би се надоврзала на вербата и љубовта кон она што го работиме како компанија. Не би било љубов, доколку не ја претставуваме истата. Затоа амбициозно и со потполна сигурност тврдам дека она што го претставуваме е вистинскиот избор кој ќе ве штити и во најголемите невремиња.

Така го завршиме утринскиот разговор со Викторија. Ја испивме последната голтка од петочното кафе и сега сме подготвени за уште еден предизвик за кој веќе замисливме дека ќе не носи на уште поголеми врвови. Секако не заборавајќи на фактот дека нашиот план е осигуран.

Викторија Ѓорѓиевска Ефтинџиоски, референт за продажба

СН Осигурителен Брокер, експозитура Прилеп

Улица: „Генерал Васко Карангеевски“ број 2

Телефонски броеви: 048 61 42 60 / 071 56 04 00

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *