„Да се работи и да се сака тоа што се работи!“ – Љупчо Поповски – Aсистирање при реализација на оштетни побарувања, сектор штети

СН приказната е автентична, има посебен потпис и авторитет кој е евидентен на пазарот на осигурувањето. Кога се работи она што се сака, фокусот е смел без никаква опструкција. A тимот е оној кој ги создава темелите, кој гради успех, кој ја реализира визијата. Денес го пиеме утринското кафе со Љупчо Поповски. Во СН Осигурителен Брокер, тој се наоѓа на позиција асистирање при реализација на оштетни побарувања, сектор штети.

Како важен дел од нашето цело, Поповски ни раскажа како ја креирал неговата деловна приказна. Не врати назад и ни го раскажа патот како стигнал до оваа работна позиција во сектор штети. Низ голтките врело кафе, зборуваме за искуството, за соработката со тимот и работата со клиенти. За тоа како е да си де од секторот штети…

Од она што го перцепираме како колеги, тој секогаш ќе те пречека со мило „Добро Утро“. И најважно, ќе те потсети дека денес не е само уште еден работен ден. Денес е уште една можност да си сѐ поблиску до успехот. Се восхитуваме на неговата енергија, принципиелност, достапност и алтруистички пристап што повторува:

Секогаш се може, доколку се сака она што се работи.

„Да се работи и да се сака тоа што се работи!“ - Љупчо Поповски – Aсистирање при реализација на оштетни побарувања, сектор штети

Како започнала Вашата кариерна приказна и што значи искуството во поглед на развојот на свеста за осигурување како круцијално нешто кај граѓаните? Aпро по, што значи искуството и во поглед на соработката со тимот?

Кариерата ја започнав не директно поврзана со осигурувањето, како машински инженер, со проектирање, изведба, надзор при изградба на индустриски објекти и конструирање на машини во различити процеси во производството и во еден период и како директор на производство во голема компанија со над 300 вработени. Секако раководење со голема производна компанија, неминовно доведува до сознанија за големата важност на осигурувањето, односно како круцијален дел во процесот на производство. Во периодот на мојата ангажираност како проценител на штети кај возила, машини, објекти, дејности, во неколку осигурителни компании, ова искуство придонесе за ефикасно, квалитетно, точно дефинирање на обемот на штета. А како што знаеме, процената и реализацијата на оштетните побарувања се најдобрата реклама за една осигурителна компанија.

Ако ова се надополни со неколкугодишно искуство во образовниот процес во високообразовна институција преку предавања, пренесување на знаењето на студентите, како резултат и на ова искуство, соработката со помладите колеги од сегашниот тим би рекол дека е одлична.

„Да се работи и да се сака тоа што се работи!“ - Љупчо Поповски – Aсистирање при реализација на оштетни побарувања, сектор штети

Што значи да се работи со клиенти? Постојат ли некои клучни методи?

Во целокупното работно искуство во комуникацијата со клиентите и при изработка на објекти и машини и при предавањата на студентите и при изготвувањето на извештаи за процена на обем на штета, мислам дека клучен метод е: прво, навременото извршување на договрената обврска, значи во договорениот термин со клиентот и второ,  коректно испорачана услуга, производ, ништо скриено, ништо пренагласено.

Кој сте надвор од канцелариите на СН Осигурителен Брокер?

Надвор од кацаларијата сум истиот, истиот однос кон домашните обврски и пријателите. Со максимално можно повеќе заедничко и квалитетно поминато време пред сѐ со семејството и со пријателите. За жал, не толку колку што сакам со кошарката и мојата гитара.

Мото?

Да се работи и да се сака тоа што се работи!