Петочно утро на кафе во падините на планината Бистра. Се наоѓаме во градот кој лежи во Кичевската котлина. Во Кичево, градот со преродбенички дух и посебна авангардност. Уживаме во пријатна атмосфера и убаво друштво на нашата колешка Розика Крстеска – референт за продажба во експозитурата на СН Осигурителен Брокер – Кичево. „Добриот план, не би успеал доколку не би го осигурале! Свесноста дека ризикот постои е секогаш дел од него!“ – Вели Розика, а како се надоврзавме на овој заклучок, прочитајте во интервјуто.
Розика ни раскажа дека работниот ден го започнува со здрав утрински појадок, а потоа следи кафето како мотивација за уште еден успешен ден во нашата компанија: Здравите навики се најважни – вели Розика. – Како поинаку би изградиле успех. Она што ние како компанија го правиме е подигнувањето на свеста околу нашиот живот, па како би нуделе било каков „производ“ ако не потенцираме дека суштината е грижата околу нашиот живот, здравје, но и свесноста за ризикот кои можеме да го намалиме, но не и предвидиме. Она што го можеме е да започнеме со добар план, кој најпрво би не осигурал за деновите што следат.
Некако спонтано уште во воведниот дел на разговор со Розика, ја дискутиравме целта на нашата професија, зборувавме за свесноста за постоењето на ризикот и важноста на осигурувањето. Од тука ја запрашавме.
Розика како се зачна идејата за да ја чекориш баш оваа кариерна патека?
Спонтано, но потоа амбициозно. Најповеќе затоа што ова е доблесна работа. Вклучува хуманост. Целиот наш труд кој го вложуваме значи дека стремиме кон заштита на сето она што клиентот го гради. Како компанија, сметам дека сѐ повеќе растеме, токму заради фактот што како тим и поединци не радува што можеме да помогнеме и секогаш да стоиме на страната на клиентот.
Инаку, назад во минатото моите студии ги завршив на факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид. Нешто подоцна сфатив дека сакам да се занимавам со оваа професија, па така СН Осигурителен Брокер го исполни сето она кон кое претендирав амбициозно. Во принцип сум тврдоглава, (во позитивен контекст). Упорна и знам дека сѐ што се сака, се може доколку ги тргнеме сите бариери кои постојат само во нашиот ум. Насмевката и позитивната енергија сметам дека се дел од униформата на секој вработен, а квалитетниот производот од позитивната енергија на тимот секако дека клиентот го препознава.
Што прави Розика откако ќе заврши со работа?
Посветена сум на моето семејство. Моментално се „наоѓаме“ на една животна раскрсница… (Барем така се вели за тинејџерските години.) Се шегувам, а можеби и не. Семејството, децата се најважното нешто за кое се бори човек. Се трудам да им обезбедам што посветла иднина, да ги научам на убави вредности, на доблести, на култура и етичност. Секако уште од сега го потенцирам фактот дека здравјето е релевантен дел од едно секојдневие, па затоа како родители сметам дека треба да им бидеме репер на нашите деца, како и да сме свесни дека ризикот постои. Почитувам здрави навики, физичка активност, а сега (откако моите деца пораснаа) можеби и го имам повеќе тоа време за себе. Возам велосипед и ме релаксираат средбите и долгите разговори со пријателите.
Ги полнам батериите од нашите насмевки и потоа одново продолжувам со работните обврски. Сметам дека од секој човек можеш да научиш нешто, а и тој од тебе. Тоа е целта на нашето живеење. Заедништвото е моќ, семејството и пријателите ја даваат секогаш потребната енергија.
Како гледаш на тимската работа?
Како што кажав, јас сум социјален тип и не би можела да се замислам како индивидуалец кој се развива на кариерно поле. Јас сум тимски играч и сметам дека тоа е вистинскиот пат кон успехот. Тоа е едно од многуте нешта кои ми се допаѓаат во нашата компанија. Тимот кој е динамичен, постојано има идеи и секогаш е подготвен за соработка, како меѓусебно така и кон клиентите. Ги поддржува барањата на граѓаните, со амбициозен дух ги следи креациите и трендовите и стремиме кон уште поголеми таргети. Без успешен тим, нема успешна компанија!
СН Осигурителен Брокер зборува за приказната која е секогаш на ваша страна. Ние сме повеќе од свесни дека темелите се градат врз основа на целото. А целото не би било, кога нема сѐ.
Розика Крстеска – Референт за продажба во СН Осигурителен Брокер
Експозитура Кичево
Улица: „Булевар Ослободување 42“
Телефонски број: 070 610 474