Постојано се алудира на чување на здравјето кое е и треба да биде примарниот фокус.
Но, понекогаш едноставно животот не влечи и ни креира „рутинска“ приказна. Деновите си поминуваат без или едвај да ги забележиме. Се апстрахираме од тој притисок. Притисок што постојано ни потенцира и не убедува дека треба да бидеме во добра здравствена состојба за да можеме да успееме. Дека токму таа нега кон себе си е фундаментална доколку имаме зацртано одредена цел. Но, наместо одговорност и фокус кон здравјето кое е подвлечено како суштинско, понекогаш го актуелизираме како обврска што постојано ја одложуваме.
Доколку за миг застанеме и ја преиспитаме нашата животна приказна…
Каде одиме, кон што чекориме, што е нашата цел, навистина ќе заклучиме дека здравјето е приоритет. Не смееме, а да не ја вклучиме можноста дека ризиците се составен дел од животот. Не смееме да заборавиме дека никогаш не можеме да знаеме што може да не спречи во плановите и остварување на нашата визија. Доколку сме здрави, можеме да размислуваме за освојување уште поголеми цели. Да имаме мотив да стигнеме до она место кон кое поентираме одамна.
Пандемијата беше добар доказ за тоа. „Добар“ секогаш е во наводници, бидејќи беше далеку од добар. Но, во оваа конотација, можеби не потсети на фактот дека непланирани и непредвидливи ситуации се случуваат. Токму затоа заклучивме дека е најважно во таквите панични моменти и општ хаос кој може да владее на светско ниво (не само кај нас), треба да бидеме осигурани.
Не заборавајте да бидете приватно здравствено осигурани. Да се потпрете на нас, како ваш идеален партнер за креирање иднина. Иднина во која ќе бидете потполно здрави и подготвени да продолжите понатаму и во ситуации кога ненадејно ќе паднете. СН Осигурителен Брокер е вашиот идеален партнер и во бурни времиња, а неминовен е фактот дека за жал тие можат да се случат во секој момент. Повеќе околу нашите понуди погледнете тука, во делот кој ја објаснува полисата за приватно здравствено осигрување.