„Здравјето е состојба на целоснa физичкa, менталнa и социјалнa благосостојба, а не само отсуство на болест.”
Поведувајќи се од оваа констатација и совет од Светската здравствена организација, би се поставило едно прашање. „Колку е важно да го сочуваме она што најповеќе ни значи и што е всушност она што најповеќе ни значи?“
Здравјето е најважно, затоа не чекајте да се спушти завесата за да го воочите тоа!
Приватното здравствено осигурување не смееме да го елиминираме и сметаме како трошок!
„Здравјето е најважно, затоа не чекајте да се спушти завесата за да го воочите тоа!“ Токму ова е нашата констатација. Динамичниот живот не ни ја овозможува предноста да разбереме во која насока сме тргнале и како треба да се заштитиме. Притоа забораваме на ризикот кој може да не сопне на патот и да ни направи дoполнителен притисок кој би го „угушил“ воздухот што дотогаш сме го дишеле и тоа со завидна енергија. Токму затоа, приватното здравствено осигурување е она нешто кое ја овозможува таа комплетна сигурност и на кое треба да се потприме. Во поглед на конкретната тема, издвоивме цитати од познати и непознати личности, поврзани со важноста на здравјето, а апро по и на она што се нарекува приватно здравствено осигурување. Затоа што секогаш е убаво кога некој е на ваша страна!
–Кога човек влегува во операционата сала, тој сфаќа дека постои една книга која сѐ уште не ја прочитал: „Книгата на здравиот живот.“ Стив Џобс
„Не е важно во кој период од животот сме во моментот, затоа што со текот на времето, сите ќе се соочиме со денот кога завесите ќе се спуштат. Сакајте го своето семејство, пријатели, партнери. Однесувајте се добро кон себеси и вашето здравје“
„Здравственото осигурување е инвестиција“
„Проватното здравствено осигурување е привилегија што носи мир и сигурност во тешки времиња.”
„Третирајте ја вашата храна како лек, инаку ќе мора лековите да станат ваша храна.“ Стив Џобс
„Здравјето е инвестиција, не трошок.”
„Здравствено осигурување е важен јазол во безбедносната мрежа на секоја заедница.”