Како потсетување: Kолку искуството со пандемијата ја разбуди свеста кај граѓаните околу осигурувањето

Импликации на Пандемијата COVID-19 за Осигурителната Индустрија. Како пандемијата на COVID-19 влијаеше на осигурителната индустрија и како се променија практиките и потребите на клиентите? Колку тоа искуство ја разбуди свеста кај граѓаните околу осигурувањето.

Сите бевме сведоци за пандемијата која докажа дека непредвидливите ситуации се случуваат. Колку и да планираме, постојат одредените ризици кои евидентно можат да го стопираат планот. Пандемијата на COVID-19, имаше последици кон многу индустрии, а тука секако се вклучува и осигурителната. Предизвика мноштво промени во практиките и потребите од страна на клиентите.

пандемијата осигурување
pandemijata osiguruvanje

Се промени восприемањето на поимот осигурување и граѓаните станаа свесни колку е важно тоа

Никој не ни очекуваше промена на секојдневието. Граѓаните беа навикнати на една рутина, на можеби монотоно секојдневие. Но, секако тука беа вклучени и нивните планови. Агенди и некоја стабилност која до тогаш се чувствуваше без да се имаат предвид последици од некои неминовни ризици.

Се зголеми интересот околу здравственото осигурување -Можеби најглавниот фокус се поентира кон потребата од приватно здравствено осигурување. Клиентот студиозно ја разгледа ситуацијата и сфати дека истата може континуирано да се повторува без никакви предупредувања. Ненадејните здравствени ризици можат значително да влијаат на финансиите и дотогашниот испланиран буџет, па така граѓаните станаа свесни за потребата и бенефитот на приватното здравствено осигурување.

Се подигна свеста за животното осигурување – Луѓето се повеќе почнаа да размислуваат околу прашањето како да ја обезбедат нивната иднина и да ја стават во сигурни раце. Се зголеми интересот за осигурување на живот и свесноста дека тој е најголемото богатство кое еден човек треба да го чува.

Пандемијата го промени и самиот начин на патување – Граѓаните се повеќе го имаат предвид непредвидливиот момент кој може да донесе до различни кризни ситуации. Токму тоа ги натера луѓето да се заангажираат околу заштитата при патувањето.

И кај осигурителните онлајн платформи се почувствува раст – Можеби пандемијата го предизвика токму брзото растење на технолошкиот напредок и приклучувањето на клиентите во онлајн истражувањата, барањата и аплицирањата за полиса за осигурување. Се разбра достапноста на универзумот на интернет. Се разбра поголемата достапност до она што клиентот сака да го купи.

Конечно граѓаните сфатија дека осигурувањето е инвестиција, а не трошок. Штедењето е фундаментално и различните видови пакети овозможуваат спокој, мир на душата.

Да не заборавиме што не потсети пандемијата и да не чекаме уште еден црвен аларм кој ако би се приклучил, можеби веќе ќе биде доцна. Заштитете ја вашата иднина и одберете го најдобриот пакет на осигурување во СН Осигурителен Брокер.