ОСИГУРУВАЊЕТО КАКО ИНВЕСТИЦИЈА – Вложувате во младоста, вложувате во староста, вложувате за себе си и вашиот живот!
Динамичното и рапидно време во кое живееме и целиот тој „урбан багаж“ кој се претставува во деловен кодекс што постојано брза да ги исполни своите кариерни цели, ја притиска иницијативата да се фокусираме кон она што е најважно. Нашиот живот. Плановите се редат, обврските не застануваат. Бркање кон часовите, времето, настаните, целта… А која е целта? Во што сме инвестирале? И дали воопшто сме помислиле на таа инвестиција за да бидеме сигурни дека ќе опстоиме на таа трка?
Апро по, осигурувањето е токму таа инвестиција. Спротивно на сфаќањето дека тоа претставува трошок, осигурувањето е можност да ги спречите непосакуваните ризици. Ризици кои можат да ве спречат во остварување на визијата. Во тој поглед, пакетите за осигурување знаат да го трасираат правецот кон кој сте тргнале.
Осигурувањето е она нешто кое ги допира буквално сите сегменти и аспекти на животот
Различните профили на луѓе, огромниот дијапазон на генерации се таргетот на осигурувањето. Клиентите имаат различни навики и различни преференции. Токму затоа, вистински предизвик е да се задоволат нивните барања. Но, она што е најважно е да се даде посебен фокус на развојот на нивната свест околу потребата да бидат осигурани за својата иднина.
Во тој поглед, осигурувањето мора да се разбере како инвестиција, а не трошок. Се искористуваат сите можности и сите стратегии за што подобро разбирање на темата. Се објаснува како „пулсира“ оваа дејност. Која е нашата работа како осигурувачи и кои бенефити ги добива осигуреникот. Многуканалната „продажба“ на различните компании од различни области во светот на дигитализација, е исто така една од важните алатки за да се сфати круциалноста и на нашата област – осигурувањето. Во контекстот, времето во кое живееме, ни овозможува подобро разгледување и одговарање на прашалниците. Се овозможува логичниот одговор дека со тоа што ќе одберете одредена полиса, вие вложувате. Како комплементарен фактор, дигиталниот универзум помага во комуникацијата со клиентите, а ние претендираме и таму да ја објасниме оваа „проблематика“ во поглед на развој на свеста.
Нашиот ангажман ги акцентира одговорите за секој клиент. Се фокусираме кон решавање на проблемите и објаснување околу осигурувањето како момент кој ја спречува финансиската несигурност од непредвидливиот ризик.
Во СН Осигурителен брокер, преку студиозна анализа, трпеливост со клиентот и ислушување на неговите проблеми, се трудиме да ги објасниме вистинските вредности за кои вреди да се вложи. Животот е оној во кој треба да вложуваме, а доколку не инвестираме во неговата сигурност и не го осигураме, дури тогаш трошиме.