Осигурувањето е лична одговорност, принцип и одлика на успешните!

Ризиците постојат и подготовката за неминовни последици значи одговорност. Од тука осигурувањето значи лична одговорност и принцип.

Во свет во кој динамично живееме и сме сведоци на брзи промени во секое поле и во свет каде сакаме да бидеме во континуиран конкурентен чекор со сите тие светски напредоци и трендови, успешните луѓе се свесни дека најпрво треба да се осигураат себе. Односот кон самите себе е рефлексија на она што ќе го направиме понатаму. Свесност значи предвидување на постоечки ризици, и подготовка за неминовни последици и одговорност. Токму во тој свет на финансиска одговорност, осигурувањето е она нешто кое ја игра најзначајната улога. Претставува принцип, одговорност и одлика на успешните луѓе!

осигурувањето е одговорност

Како етички и социјален договор, осигурувањето има општествено одговорна улога. Односно осигурителните компании се оние кои ја нудат потребната заштита и помош во случај на несреќа на клиентот.

Пристапот кон осигурувањето значи дека човек има принцип на лична одговорност. Неговата улога е јасна и се креира и базира врз основа на неговите сфаќања околу оваа проблематика. Секоја компанија и индивидуа што пристапува кон одлуката да биде осигурана значи дека е свесна кон убедувањето да иницира стабилен пат кон кој понатаму ќе гради успеси.

Обезбедувајќи си светла иднина, компаниите и индивидуите успешно се конфронтираат со неочекуваните финансиски предизвици и ризици.

Успешните ги претпоставуваат, евидентираат и им се јасни финансиските последици и осигурувајќи го својот живот, семејство, имот и слично, тие знаат дека инвестираат, штедат и имаат поконкретна и јасна визија за нивната цел.