Осигурувањето – Првиот чекор за освојување на целта!

Колку е релевантен планот при креирање на одредена цел? – Осигурувањето – Првиот чекор за освојување на целта!

Постојат два вида на луѓе: Едните ја гледаат можноста во она што го сакаат и гледаат како да ја освојат целта, а  другите  гледаат  на тоа што го сакаат како невозможно нешто и или воопшто не започнуваат или само ризикуваат без ни најмалку смислен добар план. Како осигурувањето игра улога во освојување на целта?

Колку е релевантен планот при креирање на одредена цел?

Возможноста да ги оствaрите соништата е присутна, но најважен е првиот чекор. Можеби од покажаниот погоренаведен заклучок во двете категории, ќе надвладее амбициозноста, но што значи таа? Планот е оној кој најдолго трае, а да бидеш амбициозен не значи да бидеш брз во донесувањето одлуки без ни најмалку да ги разгледаш препреките.

Токму тука се крие разликата на двете спротивни страни. Првите, се фокусираат кон првиот чекор и понатаму ги разгледуваат сите можности и препреки кои можат да ја спречат волјата. Од тука, првиот чекор при преземање на одреден ризик, е истиот добро да се разгледа. Често забораваме на ситниците и токму ризиците ги гледаме како такви. Фундаментално е  да се поставиме „тет а тет“ со можните препреки. Свесноста дека понекогаш скалите можат да се рушат пред нас и да не направат несигурни не круцијална поставен пост, па затоа секогаш мораме да го имаме предвид прашањето: „Што ако?“

Осигурувањето целта

Што ако тој мост кој треба да го преминеме станува голема веројатност да паднеме во бездна. Имаме ли некој кој ќе не заштити во таквите ситуации? Затоа е важно да го осигурате планот. Да сте свени за таквите непланирани ситуации и немили настани кои за жал можат да ве спречат во реализација на целта.

Дали ова значи дека треба да престанеме да сонуваме? Напротив, соништата можат да станат уште поголеми доколку знаеме дека некој секогаш стои е на наша страна и не штити и во најлошото време. И во тие моменти кога човек не знае како понатаму, СН осигурителен Брокер е вашата поддршка. Зборуваме за емотивна и финансиска поддршка што нема да дозволи да паднете при првата пречка. Напротив. Со тоа што ќе се осигурате, вие добивате сигурна подлога за понатамошна креација на планот.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *