КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Немилите настани се секогаш составен дел од животот. За жал ризиците се присутни во секојдневието, па шансата тие да се случат, сѐ повеќе се зголемува. При комплетната грижа околу него и немилите настани кои можат да се случат, разгледајте ги сите поволности на каско осигурување.
Возилото е потреба, па комплетната грижа околу него е нешто што е значајно за секој имател, сопственик на истото. Без разлика за какви потреби го користите, за патување до работното место, патување во странство или за лични причини, пожелно е да се грижите кон него и да овозможите дополнителна заштита.
Доверете ја грижата на професионалци
Затоа е важно да ја доверите таа грижа на професионалци кои одговорно и доследно ги исполнуваат вашите барања. Фактот дека сте во сигурни раце, освен што ја намалува грижата, исто така ве штити од непредвидлив финансиски трошок. Затоа каско осигурувањето е совршената, најдобра и најсигурна заштита на моторните патнички возила.
Во нашата понуда, нудиме каско осигурувањето на Вашиот автомобил, на автобуси, товарни возила, како и на сите специјални возила, работни возила, мотоцикли и возила со странски таблички кои ги покрива штетите настанати на возилото независно од причината и виновникот.
Каско полисата се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.
Во зависност од пакетот којшто ќе го изберете, можете да го заштитите Вашето возило од уништување или оштетување предизвикано од следните ризици:
– Сообраќајна незгода
– Пожар, удар на гром, експлозија
– Временски непогоди (луња, град, снежна лавина)
– Кражба, противправно одземање и разбојништво
– Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
– Злонамерни постапки
– Оштетување на тапацирот при давање помош на повредени лица
– Намерно предизвикување штета со цел да се спречи поголема штета
– Пад или удар на некој предмет врз возилото
– Манифестации и демонстрации
– Паѓање на воздушни летала
– Поплава, порој и восоки води
– Земјотрес
Дополнително можете да ги заштитите и возачот и сопатниците од осигурување од незгода како и дополнителната опрема и багажот.
Во нашата понуда Ви нудиме потполно каско со и без вклучен ризик кражба, со повеќе варијанти како што се без франшиза и со франшиза.
Територијално покритие се однесува за цела Европа со можност за проширување на важноста и надвор од географското подрачје на Европа.