Младите треба добро да се запознаат со осигурителната индустрија, за кога ќе станат возрасни да ја препознаат неопходноста од него
Доколку ги следиме трендовите, од особено значење е нашето влијание кон она што го нудиме на пазарот. Тоа не значи само насочување кон потенцијалните веќе возрасни клиенти туку и кај помладите. Во контекстот, не зборуваме за придобивање на нивниот интерес околу она што го нудиме. Она што го нудиме на пазарот и она што ја интригира осигурителната индустрија. Напротив зборуваме за запознавањето на младите со финансискиот дел, со посебен фокус кон осигурителниот. Штом се декларираме како некои кои го ценат потенцијалот на младите, тогаш треба да се грижиме за нивно непречено унапредување. Но, пред сѐ, запознавање со она што како возрасни треба или не треба да го употребат.
Во поглед на конкретната тема, секогаш е актуелно прашањето кое се надоврзува со образованието
Со образовниот систем до факултет. Колку се информираат младите и колку знаат да штедат? Дали знаат да бидат одговорни, да знаат дека кон животот треба да се однесуваат принципиелно. Колку младите се запознаени со осигурувањето и осигурителната индустрија, како нешто кое денес е примарно. Според некои анкети, младите воопшто не се информирани, за потоа да ескалираат во друг контекст и да трасираат друга погрешна патека.
Како да допреме до младите и дали само образовниот систем е оној кој треба да го обвинуваме?
Веројатно и родителите се оние кои треба да објаснат дека семејството е најважно, животот, имотот и сѐ она за кое се труделе. Треба да им укажат на младите дека осигурувањето не е беспотребен трошок, туку инвестиција во себе. Од тука, тие го користат својот потенцијал, што веруваме дека го надминува нашиот, а тоа ќе допринесе за уште поразвиено, здраво и отворено општество кое ги сфаќа основите, начелата и што значи осигурувањето.
За крај, би заклучиле дека младите се нашиот потенцијал и дека е убаво кога некој е секогаш на ваша и нивна страна. Но, освен дигиталните платформи преку кои се трудиме да станеме подостапни и да ги објасниме услугите кои ги нудиме, освен нашите агенти, сепак воопшто не се исклучува фактот дека и воспитувањето од страна на родителот и образовниот систем треба да го доближи осигурувањето до граѓаните од помлада возраст, за потоа осигурувањето да не е непозната работа.