Опис
Се сеќавате ли како го уредувавте домот? Како со многу ентузијам го биравте мебелот и како се радувавте кога на крајот во него се беше онака како што замисливте?
А што е со Вашата компанија? Сега кога конечно се преселивте нови и поубави простории и купивте нова опрема….
Дали го заштитивте она на кое толку напорно работевте? Ѕидовите, предметите, секавањата… Во СН Брокер на едно место на располагање Ви се сите видови и пакети за осигурување на домаќинства и имот, достапни од сите осигурителни компании во Р.Македонија.
Осигурување на домаќинства
Осигурувајќи го своето домаќинство и предметите во него, што и да се случи Вашиот живот ќе продолжи безгрижно и без дополнителни и непредвидени трошоци. Осигурувањето на домаќинства подразбира осигурување на:
- Станбени објекти, станови и индивидуални згради, како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење.
- Предмети во домаќинството , предмети кои служат за уредување на станот и предмети за лична употреба, кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.
- Одговорност за штета причинета од и спрема трети лица.
- Подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.
Сума на осигурување на градежните објекти е вредноста на објектот. Предметите во домаќинството се осигуруваат на сума во висина од 30% од вредноста на градежниот објект.
Осигурувањето на домаќинства вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):
- Пожар
- Удар на гром
- Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
- Бура
- Град
- Јавни манифестации и демонстрации
- Паѓање на воздушни летала
- Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
- Излевање на вода од уреди и цевки за топловодни инсталации
- Провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови и викенд куќи, до колку тоа посебно не е договорено.
Покрај овие, а при дополнителна премија, осигурувањето на домаќинства може да вклучува осигурување и од следните дополнителни опасности (ризици):
- Поплава, порој и високи води
- Лизгање и одронување на земјиште
- Снежна лавина
- Кршење стакло