Eмилија Десановска: Навремената здравствена заштита спасува живот, затоа приватното здравствено осигурување е важно
– Раното откривање на здравствените проблеми и точната дијагностика обезбедуваат навремена нега и грижа за нашето здравје. Има случаи каде навремената здравствена заштита едноставно спасува живот. Затоа приватното здравствено осигурување е важно, вели во интервју за порталот „Твое Здравје“ Емилија Десановска, соработник за приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен брокер АД Битола.
-Зошто е важно да се има приватно здравствено осигурување?
Десановска: Со приватното здравствено осигурување се добива најквалитетна здравствена услуга во приватните болници и се избегнува чекањето за слободен термин во јавните здравствени установи. Раното откривање на здравствените проблеми и точната дијагностика обезбедуваат навремена нега и грижа за нашето здравје. Има случаи каде навремената здравствена заштита едноставно спасува живот.
Истото е дотолку позначајно во услови кога болничките трошоци во приватното здравство се високи. Со приватно здравствено осигурување побезгрижно можеме да се лекуваме во приватните болници, затоа што осигурителните пакети предвидуваат покривање на значаен дел од трошоците направени за користење на здравствени услуги. Со пакетот SN Eurohealth, достапен во СН Осигурителен брокер за само 515 денари месечно, се рефундираат дури до 70% од средствата за направените трошоци во било која приватна здравствена установа во Македонија.
-Која е предноста доколу приватното здравствено осигурување се избира преку осигурителен брокер?
Десановска: СН Осигурителен Брокер како компанија има транспарентен пристап кон своите клиенти, со тоа што им даваме соодветна понуда, односно најдобрите понуди се избираат од сите осигурителни компании на пазарот во земјата и непристрасно на клиентот му се нудат оние кои што најмногу одговараат на неговите барања и потреби. Нашите осигуреници целата таа консултација ја добиваат професионално и бесплатно.
-Дали овозможувате и семејно приватно здравствено осигурување?
Десановска: Како што секое лице може да ја направи оваа полиса за себе индивидуално, исто така тоа може да го стори и за членовите на семејството како семеен пакет. Во нашиот фокус не се само помладите лица, туку и повозрасната категорија. Како општествено одговорна компанија, со полисата за приватно здравствено осигурување која е достапна за само 515 денари месечно, сега им овозможуваме и на лицата над 65 годишна возраст да ги користат придобивките од овој пакет преку пополнување на здравствен прашалник.
–Повеќе од 23.000 осигуреници лани искористиле приватно здравствено осигурување за покривање трошоци од прегледи, интервенции, лекување и други медицински услуги. За кои медицински услуги е предвидено покритие во вашиот пакет?
Десановска: Пакетот SN Eurohealth овозможува покритие за направените трошоци за низа здравствени услуги, почнувајќи од специјалистички прегледи, лабараториски анализи и испитувања, лекови и терапии, стоматолошки услуги и интервенции, па се до операции. Постои можност преку симболична доплата од 235 денари месечно да се обезбеди и дополнително покритие за трошоци кои произлегуваат од користење на здравствени услуги за малигни заболувања.
Во споредба со останатите компании кои нудат приватно здравствено осигурување, “SN Eurohealth” e најконкурентен, не само од аспект на цената, туку и во поглед на опсегот на покритијата кои ги нуди.
–Бројот на граѓани во нашата држава кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто и надмина 182.000 осигурени лица, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување. На што се должи се поголемиот интерес за приватно здравствено осигурување?
Десановска: Граѓаните се повеќе чувствуваат бенефит од користењето на приватното здравствено осигурување во време кога приватното здравство функционира подобро од државното. Достапноста на услугата, квалитетот и гостољубивоста во приватните здравствени установи во секој момент е она што ги мотивира граѓаните да се одлучат за лекување во истите. Но, кога ќе се земе во предвид стандардот на живеење во нашата држава, како и цената на услугите во приватните здравствени установи, не секој тоа лесно може да си го дозволи. Затоа, СН Осигурителен брокер како општествено одговорна компанија, со овој пакет излегува во пресрет на секого нудејќи поволни услови за сечиј џеб.
–Дали полисата за приватно здравствено осигурување вклучува и трошоци за породување?
Десановска: Тоа е една од предностите на пакетот по која сме препознатливи. Да, предвидено е покривање на трошоци при состојба на бременост и породување и тоа во приватна здравствена установа по желба и избор на самите клиенти. Не само што во овој пакет влегува самиот чин на породување, туку и прегледите потребни за следење на бременоста се исто така вклучени.
-Каде заинтересираните можат да добијат дополнителни податоци за целата осигурителна понуда на СН Осигурителен брокер?
Десановска: Повеќе информации можат да добијат на нашата веб страница www.snbroker.mk, но најбрзо и најлесно можат исто така да се информираат и телефонски на 075 807 225 и на бесплатниот телефонски број 15 770, при што ќе добијат прецизни објаснувања од нашите брокери за најповолните осигурителни пакети зависно од нивните индивидуални потреби. Исто така можат да закажат и средба со осигурителен брокер каде ќе можат заедно да ја изберат најоптималната полиса прилагодена на нивните барања и потреби.