Крушево – првиот етно – град во Македонија, град на уметноста, култутрата, историјата. Како посебна приказна со афтентичен потпис, за туристите, овој град е авангардно искуство. Град кој одново ги живее најстарите занаети како керамичари, кујунџии, казанџии, чевлари, златари. Град со традиционални вкусови од локалните меанџии. Атрактивни стари куќи што ни раскажуваат и не потсеќаат на едно значајно минато.
Најголемиот адреналински спектакл во Крушево
Сместен во падините на Бушева планина, тој е највисокиот град на Балканот. Со идилична игра од перспективи и фантастични предели, градот дише во срцето на борова шума одлична дестинација за адреналински спортови. Токму заради тоа, Крушево беше избрано за локација на која викендов се одржа четвртото по ред „Macedonian 4×4 Trophy“ во организација на клубот „OFF ROAD PRILEP“ со поддршка на СН Групацијата.
Публиката која ја имаше во огромен број, уживаше во незаборовното шоу кое се возеше низ крушевската корија. Како преку денот, така и во текот на ноќта, ова беше најголемиот адреналински спектакл во Крушево.
Ноќната етапа беше кратка, на која тркачите пријавени од осум држави, возеа на тежок преодлив терен. Но, сепак организаторите им овозможија на публиката да може да ја долови целата возбудлива атмосфра и да ја гледа оваа сензација. И возачите го искажаа своето задоволство за овој единствен настан во Македонија од ваков карактер.
Тимот на СН дел од најголемиот адреналински спектакл во Крушево
Имено, нашите претставници од СН групацијата во чиј состав е СН Осигурителен Брокер АД Битола, најголемото брокерско друштво во државата, како и СН Мото Центарот во Скопје и СН Сообраќајниот центар во Битола, будно го следeа настанот поддржувајќи го талентот на натпреварувачите. Но, освен промотивните активности, дел од нашите колеги ја искористија можноста да бидат дел од овој несекојдневен спортски адреналински спектакл во Крушево.
-Незаменливо е искуството да бидеш дел од оваа сензација. Крушево е фантастична дестинација која нуди многу можности во поглед на адреналинските спортови. А возењето низ планинските предели е нешто кое не смее да се пропушти доколку постои таа прилика. Можеби за мене ова е екстремен спорт, но во секој случај е ретко доживување. – Сподели нашата колешка Благица Коцева Тодорова нагласувајќи дека стравот е оној кој треба да се апстрахира доколку сакате да го почувствувате вистинскиот адреналин како совозач во off road возило.
Манифестацијата, траеше три дена, а публиката уживаше во уникатниот спектакл. Истиот, од своја страна е на завидно ниво, истакнувајќи го стремежот кон успешен спортски туризам кој ги следи светските трендови.
Нашата СН Групација ќе продолжи да ги поддржува адреналинските спортови, а на наградените, како и на организаторите од спортскиот клуб „OFF ROAD PRILEP“ им честита за незаборавиот спектакл. Благодарницата од нив е наша обврска.