Лидерот е иноватор, а менаџерот управува! СН Осигурителен брокер е компанија посветена на тимот. На своите вработени кои од тука, лесно ја извршуваат својата работа и се целосно одговорни кон своите клиенти.
Често настанува конфузија во класификацијата и подлабокото разбирање на поимите кои ја објаснуваат позицијата на лидерот и менаџерот. Проблемот е што лидерот се разбира исто како менаџерот и обратно. Освен ваквиот пристап кон нивната поимливост, постојат и други разлики во поглед на дефинирањето на овие функции работни места кои се неизоставен дел за функционирање на една успешна компанија.
Кој е иноваторот, а кој е тој што управува со иновацијата?
Имено, лидерите се оние кои внесуваат иновативност во секојдневните работни обврски, а менаџерите се оние кои одговорно планираат и управуваат. За жал, сеуште е актуелен фактот дека луѓето на оваа позиција треба да бидат сфатени како супериорни. Од тука настапува стравот во многу компании од страна на вработените, а токму тој е основната кочница која ни од далеку не носи позитивни резултати. Ваквиот случај може само да ја спречи заедничката работа и сеуште да се потпира на одредени маргини, конзервативна свест и нешто кое во својот примат цели кон демотивација.
Лидерите се оние кои го мотивираат тимот, го ослободуваат од притисок. Тие се способни да стимулираат, да внесат позитивно расположение. Посветени се кон тимот и целокупниот процес на работа, но немаат менаџерски вештини. Ваквиот „превод“ би се осврнал кон работата на менаџерите кои продолжуваат од она место каде лидерите застануваат.
Менаџерите го разгледуваат ризикот кој лидерите го преземаат
Лидерите ги гледаат новите можности и ги следат светските трендови, новитетите. Лидерите мотивираат за преземање на извесни ризици, создавање и креирање на нови идеи. Менаџерите од друга страна се фокусираат и го трасираат патот кон зацртаната цел. Ја имаат улогата на контролори на осите проблеми и ситуации со кои се соочува компанијата. Менаџерите се оние кои го спречуваат хаосот. Она што е интересно, е што лидерот се раѓа. Па така танката е линијата помеѓу професијата на тој човек и самиот карактер. Ризикот е секогаш преземен од страна на лидерот. Макар и да не успее, тој ги разгледува можностите и оди во акција. Додека менаџерот е тука да го минимализира неуспехот и истиот ризик. Градењето на односи со луѓето е нешто кое му припаѓа на лидерите, а менаџерите пак, градат системи и процеси. Менаџерот создава свој тим кој ги следи неговите насоки, а лидерот свој фанови кои ќе направат бренд.
Нашата компанија се дефинира како место во кое градиме тим кој е комплетно посветен, мотивиран, сплотен. Внимавајќи на меѓучовечките односи, креираме визија што се заснова на квалитетно и студиозно разбирање на поимливоста на лидерството и менаџирањето. Свесноста дека тимот е огледало на успехот, подготвува позитивна атмосфера што понатаму знае точно и конкретно да ја објасни нашата цел, да ја развие свеста околу осигурувањето и да има комплетно разбирање за потребите и барањата на клиентот.