„Нашата работа значи целосна поддршка кон клиентот кој треба да се чувствува сигурен и безгрижен во нашите раце!“ – Марјан Николоски, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер, експозитура Охрид

Убаво е кога го работиш тоа што го сакаш. Затоа што го кога го правиш тоа, немаш никаков притисок. Се чувствуваш одморен, наместо уморен и секако безгрижен и ослободен од стресни ситуации. Овој Петок сме на гости кај нашиот колега од експозитура на СН Осигурителен Брокер во Охрид. Разговараме со Марјан Николоски, референт за продажба. И додека го пиеме утринското кафе и чај и разговараме за нашите успеси, каде сме и каде треба да одиме, со Марјан размислуваме и околу предностите и мааните на човек.

Тимот го креираат поединцивели Марјан. – Сметам дека секој од нив треба да биде свесен доколку нешто погрешил. Секогаш треба да знаеме каде сме, каде се наоѓаме и уште колку треба да постигнеме. Јас сум човек кој не се задоволува со малку и никогаш не мисли дека „еј сега е доста“. Всушност токму таа амбиција ја има и нашата компанија чија позиција и успешни резултати се евидентни на пазарот на осигурувањето. Но, во главниот фокус ни е клиентот, кој треба да се чувствува сигурен и безгрижен во нашите раце!

безгрижен
bezgrizen timot na sn osiguritelen broker

Ние не се откажуваме и никогаш не велиме дека е доста. Ми се допаѓа што секогаш работиме како тим. Што сме искрени и гледаме да најдеме решение и за најтешките проблеми. Ми се допаѓа што се поддржуваме, а тоа зборува многу за една успешна сериозна институција која се занимава со оваа професија, на пазарот на осигурувањето. Ако ние сме искрени кон себе си, ќе бидеме искрени и со клиентот. Ако ние знаеме да се поддржуваме ќе знаеме да го поддржиме и клиентот. Сметам дека секогаш треба да тргнеме од себе. Она што го работиме е олицетворение на нашите личности и доблести. А нашата работа значи целосна поддршка кон клиентот кој треба да се чувствува сигурен и безгрижен во нашите раце.

Каде ги заврши твоите студии? Сигурен ли беше дека ќе го работиш ова?

Како што кажав, ја сакам мојата професија, а тоа сигурно влечи некоја историја. Да сакаш нешто многу, значи да ја градиш таа желба, за да стигне до моментот каде што си сега. Јас сум во местото кое отсекогаш сум сакал да бидам, да работам. Имено заврши на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, отсек осигурување. Едноставно знаев кон што да се насочам и каде ќе продолжам понатаму. Имав јасна визија за себе си.

Хоби?

Често возев велосипед. Можеби сега со оглед на брзото и динамично живеење и обврските малку го заборавив. А еве можност да се искритикувам. Сметам дека физичката активност е важна, а од тука и здравјето е најважно, па затоа треба да си сериозен и одговорен кон себе си и секако да имаш некој кој е секогаш на твоја страна за да се чувствуваш уште побезбеден, безгрижен, сигурен.

Кафе или чај?

Чај. Кафето го оставам за некој кој навистина има развиено култ кон него. Ги сфаќам придобивките, но сфаќам и дека не сме многу пријатели јас и кафето. Треба да си свесен што ти бара душата. Можеби звучи како да ова го кажав како шега, но сакав да поентирам друга. Од малите нешта започнува се. Кај човек треба да биде развиена свесноста за она што го сакаш и она што не ти е по волја и едноставно организмот го одбива. Подоцна тие мали нешта стануваат големи и така се конструира една личност со јасна визија.

Што мислиш за свеста околу осигурувањето во нашата земја?

Сметам дека се повеќе граѓани стануваат свесни за потребата да го осигураат она што им значи. Секој сака да биде безгрижен. Моето мислење, а и на мојот тим е дека свеста околу оваа проблематика е на високо ниво, за што всушност покажуваат и податоците евидентирани од страна на Агенцијата за Супервизија. Расти бројката на лица кои разбираат дека осигурувањето во својата иднина, во себе, својот дом, здравје и слично е инвестиција, а не е трошок.

Марјан Николовски – Референт за продажба во СН Осигурителен Брокер
Експозитура Охрид
Улица: „Даме Груев“ бр. 85