Изградбата на доверба и лојалност кон клиентот е императив на осигурителната компанија
Лојалноста и фер односот кон клиентот е клучна за конструирање на доверба. Етичкиот пристап и односливоста, се најважните методи кои оформуваат квалитетен однос помеѓу осигурителната компанија и клиентот. Понатаму, сето тоа резултира со успешен фидбек и разбирање на она што компанијата го нуди. Развивањето на свеста во поглед на осигурувањето, секако дека зависи од она што ќе се презентира. Како тоа ќе се сфати, зависи од пристапот.
Поврзаноста на клиентот и оној кој ја претставува компанијата
Еден од клучните аспекти е начинот на кој еден агент за осигурување пристапува. Објаснувањето на материјалот и неговите бенефити, како и неговите недостатоци, е дефиницијата што не е затскриена, латентна. Јасното објаснување за полисите, премиите, покритијата и сите предности, а и негативни страни, се нешто кое треба да биде кодекс на однесување.
Точноста како еден од главните деловни императиви
Внимавање на времето и почитувањето на часот во кој е закажан состанокот, зборува за професионалноста. Успешната организација и следењето на обврските и распоредот, се првичниот впечаток. Запазувањето на редот, дисциплината кон себе си, кажува за љубовта кон работата. Она што клиентот најпрво го очекува е сериозноста од страна на компанијата.
Користење на модерната технологија, како плус алатка
Бенефитот на модерната технологија стреми кон докажување квалит и отвореност кон сите релевантни прашања. И без разлика дали сме физички оддалечени стотици километри, паметниот телефон е тука, да се покаже искрениот ангажман. Ние како компанија го оправдуваме нашето мото: „Убаво е кога некој е секогаш на Ваша страна“ и продолжуваме да се фокусираме на тој концепт. Преку лесна достапност, нудиме поволни услуги и ве информираме во секое време.
Сестраност
Современата деловна динамика, понекогаш го апстрахира фактот за постоење на слободно време, кое патем ќе ве научи нешто ново. Постојаното надоградување во однос на конкретниот производ кој се нуди, секако дека игра значајна улога во самото претставување. Но, сепак би се акцентирало и слободното време во кое може да се надоградиме и во друга област. Така стануваме сестрани и сѐ повеќе се доближуваме до целосно разбирање на барањата и задоволување на апетите на клиентот.
Би поентирале со насловот на текстот: „Лојалност и фер однос со клиентот – Клучни аспекти кон кои се фокусира нашата компанија, како лидер во пазарот на осигурувањето во нашата земја“