На отворениот ден на Универзитетот СН Осигурителен Брокер и СН Сообраќаен центар ги претставија кариерните можности кои ги нудат.
Голем број студенти на битолскиот универзитет на промотивните штандови можеа да се запознаат со тековните отворени позиции. Воедно, можеа и директно да се информираат за тоа што значи да се гради кариера во рамките на СН Групацијата.
Кариерните можности во СН Групацијата претставени пред младите битолчани
Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ едуцира профили компатибилни со барањата на актуелниот пазар на трудот. СН Групацијата има долгорочна развиена соработка со битолскиот универзитет, како и со други образовни институции во државата. Во рамките на таквата соработка во континуитет се организира и практична работа за студенти од соодветните струки и профили.
Целта на Отворениот ден е обединување на капацитетите и ресурсите на УКЛО, Општина Битола и бизнис-заедницата. Оттука многубројни компании, организации и поддржувачи на битолскиот универзитет, се приклучија кон програмата под наслов „УКЛО и пријателите“.
Концептот на Отворениот ден на УКЛО претставува успешен пример за партиципативен пристап. Ова во исто време е и активно партнерство.
Заедничката акција треба да придонесе за поголеми можности за квалитетно образование, личен и кариерен раст и развој преку користење на програмите за мобилност, програмите за неформално образование и програмите за стартапи, можности за доквалификација и преквалификација преку користење на програмите на институциите и граѓанскиот сектор. На овој начин сите вклучени треба да обезбедат социјален дијалог заради создавање услови за економска и социјална стабилност.
Поводот за ваквото обединување е одбележувањето на 44 години од формирањето на Универзитетот „Свети Климент Охридски“, кон што СН Групацијата како посветен партнер и соработник, со задоволство се приклучи со активни програми за поддршка на кариерните можности за младите.