Доколку имате идеи, го имате најголемиот имот кој што ви е потребен, и за вас нема да постојат граници за тоа што можете да направите со Вашиот бизнис или пак Вашиот живот. Идеите се најголемиот капитал на било кој човек – Harvey S. Firestone. Како да се заштити тој капитал?
Понекогаш постои конфузна динамика во сеопштиот бизнис ,,сектор”, во било кој пазар и постои недостиг на идеи. Секако, на многу наврати каде многу светски бизниси крахирале, за жал фокусот го акцентирале (или респектирале) кон нешто сосема спротивно и не се посветиле кон фактот да се заштити она што е најважно. Тие зборуваат каде згрешиле и кој е всушност ,,гласот” кој требало да ги мотивира.
Она што искуството и експертизата го докажуваат е дека идејата доаѓа од клиентот
Токму тој е оној најголемиот соработник, партнер, пример. Со почитувањето на барањата на нашите клиенти, ние не изнудуваме само одговори со цел да ја задоволиме нивната волја. Напротив, еден успешен бизнис, ја гледа пошироката слика. Што е она што граѓаните бараат? Кој тип на осигурување го сакаат? Дали истото им одговара на нивниот буџет и дали ќе ги заштити? Дали сме доволно достапни во услугите? Секако, треба да се опфати и целокупната моментна актуелна реалност и клима. Дали и како сѐ циркулира? Колку треба да бидеме добри за да овозможиме најдобри услуги?
СН Осигурителен Брокер веќе долго време како главна цел го има зацртано исполнувањето на желбите на клиентот
Тоа е обостран процес во кој добиваат двете страни. Како осигурувачот, така и осигиреникот. Како акционерско брокерско друштво и компанија што продолжува да движи по нагорна линија, се класфицираме во категоријата,, успешни”. И сеуште тврдиме дека без нашите клиенти, не би успеале да направиме нити еден чекор.
Во заклучок би нагласиле дека идејата е најголемиот капитал. Идејата може да ја видиме во различен облик. Како критика, како посочување на грешка, размислување, па дури и незадоволство. Стремејќи кон усовршување во нашата област, не би нашле вистински начин се додека заедно не пулсираме со клиентот. Од тука, осигурувачот е заштитник, грижител и секогш во функција да го чува она што најповеќе ви значи.