Ангажманот од Тимот на СН Осигурителен Брокер игра клучна улога за да останеме на врвот – Марија Антоновска Божиновски, сектор финансии – сметководство

Петок, утро, кафе. Ве запознаваме со тимот на СН Осигурителен Брокер.

Започнуваме со позитивна енергија и разговараме околу обврските кои не очекуваат за да ја заокружиме и оваа работна недела. Марија Антоновска Божиновски е дел од нашата успешна приказна. Дел од тимот на СН Осигурителен Брокер. Веќе четири години е дел од сектор финансии – сметководство.

Успехот е неминовен доколку постои упорноста! – Вели Марија.

Ја сакам мојата професија и знаев дека ќе го работам ова уште кога се запишав на Економскиот Факултет во Прилеп, меѓународна економија и бизнис. Но, освен фактот дека е лесно да го работиш она што го сакаш, сметам дека еден вистински професионалец постојано треба да се труди за уште повеќе. Секојдневно да вложува, да биде посветен кон она што го работи. Согледувањето на грешките и проблемите е дел од самиот процес, затоа после секој работен ден или за време на паузите, знаеме да дискутираме околу она што денес сме го изработиле, постигнале. Како да напредуваме? Како уште повеќе да го зголемиме квалитетот на нашите услуги? Колку сме подготвени да ги следиме трендовите, кои се истите и како да ги исполниме во целост барањата на клиентите.

Тимот на СН Осигурителен Брокер

Имаш ли директен контакт со клиентите?

Пред да стигнеме до финалниот производ, постои тим што стои „зад завесата“. Еден автомобил не може да се движи , без потребните делови. Доколку еден дел не функционира, тој ќе стои во место. Така е и со она што ние го работиме. Пред да се случи вистинската соработка , каде ќе ги исполниме сите барања на клиентите, зад сцената стои тимот на СН Осигурителен Брокер кој се грижи за постигнување на таа цел. Креирањето на визијата значи константен придонес од страна на сите вработени, од соработката со колегите, експозитурите, компаниите. И тоа не смее да запре. Ова е динамичен свет во кој треба константно вложување на труд, а резултатите дека ние континуирано вложуваме, се надоградуваме, зборуваат за нашата компанија која долго се задржува како лидер на пазарот на осигурувањето во Македонија. Ангажманот од наша страна игра клучна улога за да останеме на врвот. Така растеме заедно.

Која е Антоновска Божиновски надвор од канцеларија?

Марија е сопруга, има многу пријатели и е социјален тип. Ги полнам батериите со дружби со најблиските. Опуштените дискусии и позитивната енергија од една страна ме релаксираат, а од друга страна ме подготвуваат и охрабруваат за остварување на уште поголеми соништа, како на приватен план, така и на деловен. Сметам дека домот е оној од каде започнуваш да креираш еден убав живот. Доколку дома не ти е пријатно, удобно и доколку не се чувствуваш безбедно, чувствуваш стеги, деконцентрираност и не можеш да градиш успех.

Така го завршивме разговорот со Марија, дел од тимот на СН Осигурителен Брокер. Го испивме утринското кафе и се подготвивме за уште еден работен ден. Ден кој ќе креира уште поуспешна приказна. Ќе освои уште поголеми пиедестали цели и ќе ја исполнува визијата да бидеме секогаш на страна на клиентот.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *