Организација на работни семинари – Поттик и мотивација за соработка и грижа за клиентите

Со цел да бидеме што повеќе и поблиску до остварување на барањата на клиентите, да имаме специјален одговорен третман и грижа за клиентите, стремиме кон уште повеќе обуки, едукација, работни семинари. Со претензија што повеќе да го усовршиме знаењето на она што го нудиме, стремиме кон поголеми таргети.

Кога ги знаеме нашите критериуми и знаеме што нудиме, половина од патот е изоден. Поттикнуваме поголема мотивација, соработка и грижа за клиентите. Токму организацијата на работни семинари е извонреден начин за мотивација и поттик на нашиот тим. СН Осигурителен Брокер смета дека развојот и надградбата на знаењата на тимот, е есенцијално за освојување на уште поголеми зацртани цели.

Организација на работни семинари - Поттик и мотивација за соработка и грижа за клиентите

Едукација и усовршување

Семинарите и обуките го заголемуваат квалитетот на вештините на тимот. Континуираното следење на новите трендови, значи нешто ново. А една работна позиција не значи дека останува во место. Така, обуките значат откривање на нови светови. На нови вештини кои истовремено можат да бидат интерес и вистински предизвик за вработените.

Мотивација

Врските меѓу членовите на тимот се особено значајни за функционирање на една лидерска компанија, особено во пазарот на осигурувањето. Штом тимот е соединет во едно цело, знае што да понуди. Со тоа исто мислење на поединците, знаеме како да се претставиме пред клиентите со цел што повеќе да се доближиме до нив. Да ги разбереме нивните барања и што побрзо ефикасно да најдеме солуција на одредени проблеми.

Со работните семинари се инспирираме, а туку е и менталната подготовка за она што следи

Инспиративните говорници ја зголемуваат мотивацијата. Како одговорна компанија што сепак се фокусира на се она што е човечно, од особено значење ни е менталната подготовка. Свесноста дека постојат моменти на емотивен крах и она што се нарекува burnout, ни дава јасни знаци кои понатаму алудираат кон различни ингеренции што ќе помогнат во квалитетот во работата и развојот на професионалноста на поединците.

грижа за клиентите, осигурување, работни семинари

Развој на свеста за целите на компанијата

Преку работните семинари, вработените се информираат за идните планови и нивниот распоред во поглед на организираноста. Кога вработените го разбираат својот придонес, најповеќе кон општеството  како целина и клиентите, работат уште попосветено. Затоа што секој поединец од тимот на СН Осигурителен Брокер е свесен дека нашата професија е доблесна и дека нашата визија е да обезбедиме сигурност, спокој и мир за граѓаните, во оние денови во кои доаѓаат непредвидливи ситуации и моменти кои можат да го уништат сето она што сте го планирале и граделе.