Менталната подготовка за деновите кои следат после моментот во кој денес се наоѓаме е особено важна. Велат, дека доколку добро визуелизирате, можеби добри деведесет и девет проценти, вие ќе го направите она што сте го наумиле. Секако веруваме во ова мислење, но дали е тврдење кое не може да се промени, можеби ќе размислиме. Што значи да се адаптираме на ризикот?
Иднината не можеме да ја предвидиме. Можеме да ја замислиме, планираме. Да започнеме да ја креираме, да направиме добра конструкција и да тргнеме по патот на создавањето на она што сме го наумиле… Но, едно не знаеме. Што точно ќе се случи? Судбина или случајност, неприликите постојат. И повеќе од веројатно е дека може некој или нешто да не спречи на патот и да не го оствариме токму она што сме го наумиле.Што кога се фокусираме на ризикот?
Затоа, пред се започнеме да визуелизираме дека секогаш чашата е полуполна, а не полупразна, сепак не смееме да си дозволиме да тврдиме дека тој еден процент, може да спречи големи работи и да ја стопира нивната реализација.
Секогаш имајте го на ум тој еден процент кој може да ги „нурне“ претходните деведесет и девет каде сте биле апсолутно сигурни дека чуда се случуваат.
Бидете позитивни, но имајте на ум дека бурите постојат и не знаете кога може да започне дождот. Токму во тие моменти. СН Осигурителен Брокер е тука да ви понуди поддршка. Бидете безгрижни и патувајте сигурни во животот, соберете искуство без еднаш да се изгорите. Тоа би значело, огледајте се на она што е факт, на оние ситуации кои постојат кај клиенти кои во момент на безизлез се потпреле на нас. Учете од туѓите грешки и осигурајте го вашиот живот, вашата иднина, вашата судбина.
Во продолжение разгледајте ги нашите услуги и одберете ја онаа полиса што најмногу би одговарала на вашиот буџет.