СН Групацијата сподели професионални искуства на Конференцијата ТУР – Техниката и Урбаниот Развој

СН Групацијата сподели професионални искуства на Конференцијата ТУР – Техниката и Урбаниот Развој

Традиционално, по петти пат, Битола беше домаќин на Конференцијата ТУР – Техниката и Урбаниот Развој – студентска конференција во чест на Светскиот ден на науката. Истата, која уште еднаш ја потврди својата клучна врска во поврзувањето на академската средина со реалниот бизнис сектор.

Во тој контекст беа излагањата на претставници од Sigr. Мако Сигре и СН Групација со акцент на професионалните искуства на СН Сообраќаен Центар. Тие преку сесијата одблиску ги запознаа студентите со техничките и деловните предизвици. … Како и на кој начин може да се поврзат научените достигнувања со праксата.

Билјана Велјановска, како претставник на СН Групација и електро инженер во СН Сообраќаен центар во Битола на Конференцијата ТУР – Техниката и Урбаниот Развој изјави:

„Горда сум што го гледам растот и успехот на ТУР. Како еден од основачите на оваа конференција, која започна со презентирање на неколку различни трудови за да се создаде настан кој ќе го спои академскиот и деловниот свет, кое ќе биде вистинско место да ги покажеме нашите знаења и вештини. Како дел од бизнис секторот и како електроинженер во СН Сообраќаен Центар, со задоволство сведочам за важноста на оваа конференција.“

Оваа конференција секоја година инспирира се повеќе млади. Ги поттикнува да ги развијат своите вештини и да придонесат за општествен напредок. ТУР е настан кој расте повеќе и добива на значење. Тој е вистински пример за важноста на соработката помеѓу образованието и индустријата. Создава можности за новите генерации инженери за да го применат теоретското знаење во пракса.

„Денес во својата работа, ја користам основата од знаењето кое го стекнав во предавалните на Техничкиот факултет. Во СН Сообраќајниот Центар не само што се вршиме технички преглед на возила, туку и издавање на Согласност на регистрација на возила од странство по извршена хомологација. Во текот на излагањето имав можност да ги запознаам студентите со историјата на хомологацијата во Македонија. Таа започна уште во 1991 година. А денес е во чекор новите светски регулативи за автономни и електрични возила.“– посочи Велјановска.

Како дел од конференцијата се организираше и онлајн сесија со студентите од Факултетот за електротехника во Скопје и предавање на професори од средното стручно училиште „Таки Даскало“ во Битола.

Конференцијата започна од ентузијастичка идеја пред пет години на група студенти од Техничкиот факултет во Битола. Денес претставува платформа каде што студентите од сите насоки електротехника, сообраќај, мехатроника и машинство не само што можат да ги покажат своите идеи, туку и да се запознаат со реална примена на знаењата… Да воспостават врски со идните можности во реалниот сектор.

На овогодинешниот настан, организиран на денот што симболизира почит кон науката, 11. Ноември- Светскиот ден на науката, учествуваа студенти од Техничкиот Факултет во Битола со импресивни откритија како што се апликација за мерење на загаденоста на воздухот и зачувување на енергијата добиена од обновливи ресурси.