Креирајте ја иднината сега, затоа што утре ќе биде доцна!
Велат никогаш не е доцна за планови и визија за иднината во која се гледате како успешен реализиран човек со среќно семејство, дом, во добро здравје. Но, дали успехот може да се планира без да се помисли на последиците? Што кога тие ќе се случат? Апро по, треба ли да ги чекаме, па пота да одлучуваме што откако сме ризикувале и не сме добиле. Животот е избор и иднината треба да ја заштитиме сега и одма!
Постојано алудираат на тој презент. Велат дека треба да го живееме моментот, сега, овде, веднаш! Но, што би значело тоа?
Оние навистина успешните луѓе, денес ги споделуваат своите приказни. Гордо го претставуваат планот кој секако дека вклучувал предизвици и ризици за кои претходно се осигурале. Враќајќи се назад во тие моменти на тоа нивно „сега“ и „одма“, најуспешните претприемачи, бизнисмени и мегапопуларните ѕвезди во деловниот свет, раскажуваат дека она што е најважно кога го креираме планот е да го исчистиме патот. Чистиот пат метафорично во контекстот, би го преведиле како свесност за сето она што следи и за сите тие ризици. Кога е патот обезбеден и кога ги имате вистинските чевли на себе можете да го своите светот. Секако во тие моменти ви е потребен и чадор. Затоа што никогаш не можеме да знаеме комплетно се за невремето кое секогаш мораме да го имаме во предвид.
Зборувајќи за моментот и ова денес, уште еднаш би потсетиле дека треба да сме одговорни кон нашата иднина што требна да за почнеме да ја планираме веднаш, без да ја чекаме бурата и да останеме во небрано.”