Како човештвото гледало на осигурувањето во минатото

Осигурувањето во минатото. Постоела ли свесноста во врска со ова прашање?

Човечката потреба за безбедност и заштита, се разбира дека од секогаш се случувала. Тоа значи дека луѓето и во минатото барале начин некако да се осигураат. Разгледувајќи ја историјата, пред да се развие модерниот концепт на осигурувањето како што денес го познаваме, луѓето имале малку поинаков начин за да се заштитат од непредвидливите ризици. Тоа покажува дека свеста околу постоењето на ризиците постоела уште одамна, а денес сѐ повеќе се развива. Имено, луѓето барале начин како помалку да ги чувствуваат последиците од тие непредвидливи настани кои секако и тогаш влијае на нивниот живот и имот.

Што се случувало во античко време?

Во античко време, римјаните и грците или тогашните заедници, имале развиено т.н. системи кои вклучувале заемна помош заснована на доверба. Така, во средновековните градови, занаетчиите на пример се поддржувале меѓусебно во случај на непредвидлива несреќа, немили настан, одредена неочекувана болест.

Стравот на морепловците предизвикал барање на солуција околу ова прашање

Морепловците додека пак и трговијата која во тогашно време најповеќе се одвивала по морињата, исто така имале развиено систем на заштита. Имено, во тоа време, најповеќе владеел стравот од тоа како тие ќе се заштитат од бури, невремиња или пиратски напади. Прашањето било како би ја заштитиле нивната стока и материјалот кој го пренесувале за продажба.

осигурувањето во минатото

Затоа го развиле таквиот т.н. систем на осигурување, каде со трговскиот товар се финансирало патување на повраток, со што ако товарот би се загубил при одреден непредвидлив настан од горенаведените, тие не претрпувале голем губиток. Таков е случајот со компанијата Лојд, денес најголемиот осигурителен пазар во светот. Лојд започнал од таверна што се наоѓала покрај морето. Таму доаѓале сите трговци и разменувале свои мислења, а раскажувале и за стравувањата од нивниот губиток. Лојд (тогаш со друго име) станала компанија која им нудела помош на трговците за одредените загуби. Повеќе за Лојд и неговата историја на пазарот на осигурувањето, прочитајте тука.

Лојд осигурителен пазар

Понатаму со индустриската револуција, оваа тема станала поопширна и комплексна, со што развила повеќе гранки и се нуделе повќе услуги. Така сето тоа довело до формирање на првите осигурителни компании. Осигурување живот, на имот, здравствено осигурување, осигурување од пожар и слично. Од раните денови во минатото осигурувањето останува важен аспект од човековиот начин на живот.

Денес, осигурувањето е неминовен дел . Грижата кон себе си е свест, одговорност кон животот кој секако дека нема реприза. Успешниот живот значи потполна посветеност кон сето она кон кое сакаме да успееме, без да се плашиме од последиците од непредвидливи ситуации.

СН Осигурителен брокер, секогаш е на ваша страна и нуди различни видови осигурувања кои ќе ги задоволат вашите барања.