„Живеј го животот што го сакаш, сакај го животот што го живееш“ – Евгенија Миленкова – Сектор финансии, сметководство – СН Осигурителен Брокер

Живеј го животот што го сакаш, сакај го животот што го живееш“. Така започна нашиот утрински разговор со Евгенија Миленкова – сектор финансии, сметководство во СН Осигурителен Брокер

Евгенија е дел од нашето СН семејство, од нашата успешна приказна веќе една година. …„Живеј го животот што го сакаш, сакај го животот што го живееш“. Евгенија зошто баш ова мото?

Затоа што сметам дека животот е најскапоценото нешто кое за жал понекогаш го апстрахираме. Го одминуваме  без или едвај да го забележиме. Постојано сме во некое брзање, во некои ситуации во кои извлекуваме и се фокусираме на некои проблеми, за кои сметам дека сами ги создаваме. Според мене, наспроти тоа, треба да се фокусираме кон нивно решавање. А тоа би се случило само со позитивна мисла дека она што сме го наумиле ќе се случи.

А што е со ризиците?

живееш
rizik
zivees

Ако претендираме да го живееме оној живот кој го сакаме, ќе знаеме да составиме план. Потоа, таа визија треба добро да ја погледнеме. И токму во неа да го инволвираме моментот дека препреките постојат на патот. Ризиците се неминовни. Па ако сакаме да живееме живот токму онаков каков што сме го, би рекла, скицирале, треба да сме свесни дека потребна ни е и поддршка во најлошите денови. Затоа што факт е дека секој од нас имал баш такви…лоши денови.

Зошто баш СН осигурителен брокер? Како започна твојата кариера и како се најде токму на ова биро?

Како што кажав, идејата на оваа компанија која веќе е докажана на пазарот на осигурувањето како лидер во Македонија, е многу блиска со мојата. Со мотото кое ме движи. Идејата на СН Осигурителен Брокер е да бидеме токму ние оние кои ќе ја освестат мислата. Мислата дека нашиот живот е најважен. Дека треба да го заштитиме, а и да имаме на ум дека секогаш имаме некој кој е на наша страна.

А што е со животот надвор од професионалниот деловен кодекс?

Времето поминато со моите блиски е бесценето. Грижата околу нивниот живот и нивните насмевки ми даваат енергија. Исто така, сакам да патувам. Уживам во посетата на некои дестинации. На места кои сум ги гледала на социјалните мрежи, а од секогаш сум сакала да ги видам. Убаво е чувството кога претходниот ден си бил пред паметниот телефон и си ја гледал таа слика, а денот потоа се наоѓаш токму таму. На твоето омилено место.

живееш

Музиката е исто така составен дел од мојот живот. Танцот е дел од моето секојдневие и сметам дека тоа е плус физичка активност што знае да го подигне серотонинот, а потоа да те мотивира. Животот е еден, а ако одлучиш да го живееш, а не да го преживуваш, тогаш треба да го сакаш и да се осмелиш!