СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР
Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен брокер АД Битола e aкционерско друштво овластено за вршење на осигурително брокерски работи со дозвола број УП 07-2-1044 од 13.10.2014 година издадена од Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Друштвото започна со работа на 04.12.2014 година и се до овој момент брои 28 подружници распространети на целата територија на Р.С.Македонија, како и мрежа од 106 вработени – професионалци од различни области, со што СН Осигурителен брокер АД Битола претставува најголем осигурителен брокер во државата по основ на бруто полисирана премија, број на вработени, број на подружници и реализирани штети.
СН Осигурителен брокер АД Битола има покритие од одговорност од дејност на 2.500.000,00 евра.
СН Осигурителен брокер АД Битола е основано од акционери кои се докажани претприемачи и два експерти кои ја вршат функцијата на брокери и извршни директори. Во моментот друштвото располага со 27 осигурителни брокери, два машински инженери во Отсек за возила и друг специјализиран кадар.
СН Осигурителен Брокер
ГЛАВНА ДЕЈНОСТ
- Проценка на ризик;
- Посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие;
- Проценка и посредување во реализирање на оштетни побарувања;
- Откуп на оштетни побарувања;
- Советување;
- Откуп на побарувања.
СЕКОГАШ ТУКА ЗА ВАС!
Убаво е кога некој е секогаш на Ваша страна!
ИСКУСНИ
Искусните професионалци во нашата област се темелот на нашата компанија. Задоволниот клиент е наша цел, а бројните успеси наназад зборуваат за нашиот успех.
СИГУРНИ
Со мисија да креираме стабилни трајни вредности, да обезбедиме врвно осигурување и квалитетен живот, секогаш ги исполнуваме вашите желби и ја оправдуваме вашата доверба.
ПРОФЕСИОНАЛНИ
Затоа што одговорниот стручен тим е секогаш тука да ја исполни вашата визија!
24/7 ДОСТАПНИ
Мерка за посветеност и достапност! Успешно ги решаваме и најсложените задачи со гаранција за квалитетен живот!
Задоволниот клиент е наш приоритет!
• Беспрекорен квалитет на услуга и постојано усовршување;
• Максимална посветeност и отвореност за соработка со нашите клиенти;
• Доверба и почит кон соработниците и клиентите;
• Етика и морал во однесувањето и работењето;
• Интегритет и фер-однос на секое поле.
- Преку почитување на највисоките етички стандарди и задоволување на барањата, потребите и очекувањата на нашите клиенти на највисоко ниво, да ја преземеме лидерската позиција меѓу брокерските друштва на осигурителниот пазар во Македонија. Секојдневното работење и животот носат многу непредвидливи ризици. Затоа сме ние тука, да Ви го понудиме најсоодветното осигурително решение, нудејќи ги сите видови на осигурување.
Го проценуваме ризикот објективно;
• За својата услуга во поглед на посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие и реализирање на оштетно побарување не наплаќаме од странката;
• Согласно законската обврска споредуваме понуди од повеќе осигурителни компании;
• Избираме најсоодветна понуда во однос на премија/покритие;
• Се грижиме за навремен проток на финансии (плаќање премија и исплата на штети);
• Во друштвото може да се пријави штета од секоја компанија (пр. доколку имате сообраќајна незгода и Вие бидете оштетени, а причинителот е од друга компанија, во СН Осигурителен Брокер АД Битола може да се реши секоја штета независно во која компанија е осигуран причинителот);
• Вашите вработени ќе бидат осигурани со најсоодветно покритие и ќе бидат осигурани не само на работно место туку било каде;
• Вашите вработени ќе добијат телефон за контакт, за секакви информации во поглед на осигурувањето 24 часа – поддршка.